НЕ ЗНАМ ДАЛИ ЌЕ БИДАМ ОСОМНИЧЕНА, ПРАШАЈТЕ ЈА РУСКОСКА, КАЖА ЈАНЕВА ПО РАСПИТОТ ЗА „РЕКЕТ“

    НЕ ЗНАМ ДАЛИ ЌЕ БИДАМ ОСОМНИЧЕНА, ПРАШАЈТЕ ЈА РУСКОСКА, КАЖА ЈАНЕВА ПО РАСПИТОТ ЗА „РЕКЕТ“Специјалната обвинителка Катица Јанева по распитот за „Рекет“ во Обвинителството за организиран криминал и корупција не сакаше да даде детали за тоа што била прашувана внатре поради тајноста на постапката. (Фото: К. Попов)

    По четиричасовен распит во Обвинителството за организиран криминал и корупција од страна на шефицата Вилма Рускоска, специјалната обвинителка Катица Јанева излезе слободна од обвинителството. Нејзиниот распит ќе продолжи и понатаму, а Јанева не знае дали ќе се прошири истрагата „Рекет“ и против неа.

    „Јас не можам да кажам дали истрагата би се проширила и на мене. За тоа ќе ја прашате обвинителката“, рече Јанева.

    Јанева не сакаше да даде детали за тоа што била прашувана внатре поради тајноста на постапката. Одговори само за сомневањата дека ги форматирала трите телефони пред да ѝ бидат одземени по налог на Рускоска.

    „Не е точно дека се изгубени сите три телефони. Изгубен е само третиот, двата се наоѓаат во обвинителството на вештачење“, кажа Јанева.

    На дополнително новинарско прашање дали ги форматирала пред да ѝ бидат одземени од обвинителството, Јанева кажа дека тоа не е точно.

    Таа не потврди, ниту негираше дали е нејзин гласот на снимката каде што му се обраќа наводно на Орце Камчев и кажа дека истрагата околу тоа трае и оти не може сега да дава признавања или негации за одредени работи што се предмет на истрага.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира