НЕКОЈ ВО МНР ФАЛСИФИКУВАЛ ДОКУМЕНТ СО ОСТАВКА НА ДИМИТРОВ, ТОЈ ВЕЛИ ПОЧНАА СПЕЦИЈАЛНА ВОЈНА

    НЕКОЈ ВО МНР ФАЛСИФИКУВАЛ ДОКУМЕНТ СО ОСТАВКА НА ДИМИТРОВ, ТОЈ ВЕЛИ ПОЧНАА СПЕЦИЈАЛНА ВОЈНАМинистерот Димитров на Фејсбук напиша дека лажната вест е специјална војна: „Не им доаѓа ум. Специјална војна почнаа. Значи, како што вели Виктор Иго, нема ништо посилно од една идеја на која ѝ дошло времето. Ќе ни ја биде нашата Македонија! И не дигам раце додека не ни ја биде!“; - Димитров на вчерашното гласање на референдумот за името Фото: К. Попов)

    Лажна вест е дека дека министерот за надворешни работи Никола Димитров дал оставка, а документот кој што се прошири во јавноста е груб фалсификат, соопшти Министерството за надворешни работи (МНР).

    Документот со наводна оставка на Димитров на кој имало печат од Владата што денеска проциркулира по социјалните мрежи го објави и ТВ24, а по демантот на МНР во телевизијата велат дека тој документ како допис стигнал до нив.

    „МНР најостро ги осудува малициозните обиди за ширење лажни вести и децидно ја демантира дезинформацијата. Повикуваме на одговорност за овој груб фалсификат, кој и покрај аматерскиот и крајно очајнички обид за лажно продуцирање на официјален акт на министер во Владата на Република Македонија, прави голема штета со тенденциозното пласирање на една огромна невистина“, соопшти Министерството.

    Од Владата велат дека фалсификатот ќе го пријават во полиција, а МВР вели ќе истражува откако ќе добие пријава.

    Министерот Димитров на Фејсбук напиша дека лажната вест е специјална војна.

    „Не им доаѓа ум. Специјална војна почнаа. Значи, како што вели Виктор Иго, нема ништо посилно од една идеја на која ѝ дошло времето. Ќе ни ја биде нашата Македонија! И не дигам раце додека не ни ја биде!“

    „Министерот за надворешни работи на Република Македонија како и досега така и понатаму, ќе продолжи посветено да работи на европската и евроатлантската иднина на земјата, со цврста верба во решителноста и јасно изразената мнозинска волја на вчерашниот референдум. Во овие клучни времиња за Република Македонија, најмногу од се е потребена мудрост, разум и храброст за преземање одлучни чекори за конечно обезбедување иднина за нашите граѓани“, се вели во демантото на МНР.

    А. АНТЕВСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира