НЕКОЛКУ КРИМИНАЛЦИ, ЕДЕН СУЕТЕН НОВИНАР И, ДА МИ ИЗВИНИ ЛГБТ ЗАЕДНИЦАТА, ЕДЕН ПЕДЕР НЕМА ДА ЈА СРУШАТ ВЛАДАТА, КАЖА ЗАЕВ ЗА „РЕКЕТ“

    НЕКОЛКУ КРИМИНАЛЦИ, ЕДЕН СУЕТЕН НОВИНАР И, ДА МИ ИЗВИНИ ЛГБТ ЗАЕДНИЦАТА, ЕДЕН ПЕДЕР НЕМА ДА ЈА СРУШАТ ВЛАДАТА, КАЖА ЗАЕВ ЗА „РЕКЕТ“Премиерот Зоран Заев повтори дека тој го пријавил случајот „Рекет“ во обвинителството и вели дека тоа не треба да се заборави. (Фото: СДК.МК)

    Премиерот Зоран Заев кажа дека нема да дозволи „неколку криминалци, еден суетен новинар и еден педер“ да ја симнат оваа влада од власт, одговарајќи на новинарско прашање дали знаел за рекетот на Бојан Јовановски – Боки 13.

    „Јавно отфрлив секакви шпекулации и споменувања на моето име и целосно стојам зад тоа. Верувам во транспарентни, прецизни и брзи истраги и уште еднаш напоменувам дека јас сум човекот кој го пријави случајот, да не биде тоа заборавено. Секако дека нема да дозволам неколку криминалци, еден суетен новинар и, да ми извини ЛГБТ заедницата, еден педер да ја симнат оваа влада од власт. Ќе се бориме до крај, секој што се инволвирал секако ќе си носи одговорност“, изјави Заев на одбележувањето 18 години од Охридскиот рамковен договор.

    Прашан дали зборувале за СЈО и за Катица Јанева, Заев кажа:

    „За мене е идиотски настапот, засега согласно доказите кои што ги има. Очекувам доказите и истрагата да покажат за сè, вклучително и за Катица Јанева и за Зоран Заев и апсолутно само така ќе покажеме дека има владеење на правото“.

    Осомничениот во „Рекет’ Боки 13 во разговорите со сведокот Камчев, објавени од италијанскиот весник „Ла Верита“, постојано ја истакнува својата блискост со премиерот Заев и му ја гарантира на Камчев неговата поддршка.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари