НЕМА КРАЈ НА КРИЗАТА ДОДЕКА ИМА НЕКАЗНИВОСТ НА ФУНКЦИОНЕРИТЕ, ВЕЛИ ХОЛАНДСКИОТ АМБАСАДОР ПЛОМП

    НЕМА КРАЈ НА КРИЗАТА ДОДЕКА ИМА НЕКАЗНИВОСТ НА ФУНКЦИОНЕРИТЕ, ВЕЛИ ХОЛАНДСКИОТ АМБАСАДОР ПЛОМП„Многу е опасно да се користат меѓуетничките тензии за да се одвлече политичкото внимание од други работиа“ - холандскиот амбасадор Воутер Пломп со италијанскиот амбасадор Карло Ромео на отворањето на изложбата „Уште поблиска Унија“ по повод 60 години од Договорот во Рим на 28 март. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Холандскиот амбасадор во Скопје Воутер Пломп кажа дека е многу опасно да се користат меѓуетничките тензии за да се одвлече политичкото внимание од други работи во синоќешното интервју во емисијата „Фактор” на телевизијата „24“.

    „Меѓуетничките односи можат да бидат чувствителни и затоа политичарите мора да бидат многу внимателни со јазикот кој го користат. Голем напредок за решавање на кризата се направи врз основа на Договорот од Пржино, но нема да има крај на кризата сè додека не се стави крај на неказнивоста и на големиот недостаток на одговорност, бидејќи тоа беше и изворот на политичката криза. Мислам дека е многу опасно да се користат меѓуетничките тензии за да се одвлече политичкото внимание од други работи“, рече Пломп.

    Прашан за одлуката на претседателот Ѓорге Иванов да одбие да го даде мандатот за формирање влада предводена од СДСМ, холандскиот амбасадор одговори дека формирањето влада врз основа на резултатите од изборите е најбрз начин за излегување од кризата.

    „Без разлика дали доаѓа од ЕУ, НАТО, САД или од ОБСЕ, пораката е многу јасна – формирањето влада врз основа на резултатите од изборите е најбрз начин за излегување од кризата. Изборите не се само за победување, туку и за формирање на коалиции. На крајот, се работи за мнозинска коалиција која ќе мора да формира нова влада. Новата влада треба да биде формирана врз основа на резултатите од изборите од 11 декември и да почне да спроведува реформи“, вели тој.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира