НЕМА НИ ПАРТИСКИ НИ НАЦИОНАЛНИ РАЗЛИКИ ЗА ИЗГРАДБА НА КЛИНИЧКИОТ ЦЕНТАР, ВЕЛИ ФИЛИПЧЕ ПО ЗАТВОРЕНАТА ДЕБАТА ВО СОБРАНИЕТО

    НЕМА НИ ПАРТИСКИ НИ НАЦИОНАЛНИ РАЗЛИКИ ЗА ИЗГРАДБА НА КЛИНИЧКИОТ ЦЕНТАР, ВЕЛИ ФИЛИПЧЕ ПО ЗАТВОРЕНАТА ДЕБАТА ВО СОБРАНИЕТО„За ваков голем проект од национален интерес како што е Клиничкиот центар, ја вклучуваме и опозицијата во дебата. Потребна е координација, интерактивно и ускладено функционирање“, вели министерот з здравство Венко Филипче.-Од дебатата во собраниската комисија за здравство (фото: Министерство за здравство)

    Локацијата за новиот Универзитетски Клинички центар да биде транспортно пристапна и лесно достапна на граѓаните, економски оправдана, пријателски настроена кон животната околина и по можност досега да не е користена за претходен урбан развој, соопшти Министерството за здравство по затворената дебата во собраниската комисија за здравство, на која покрај министерот за здравство Венко Филипче учествуваше и премиерот Зоран Заев.

    „За ваков голем проект од национален интерес како што е Клиничкиот центар, ја вклучуваме и опозицијата во дебата. Нема партиски, национални или други разлики за изградба на новиот Клинички центар. Потребна е координација, интерактивно и ускладено функционирање“, рече Филипче.

    Од Министерството за здравство велат дека пред пратениците се презентирани трите можни локации за изградба на новиот клинички центар, односно еднаш веќе одредената локација во Општина Карпош кај Злокуќани, потоа во Општина Ѓорче Петров и во Општина Петровец.

    „Дискусијата беше со цел да се разгледаат сите можни аспекти, за да се изнајде соодветна местополжба за новите и модерни текови во здравството, со кое директно на корисниците ќе им се овозможи да добиваат квалитетни здравствени услуги“, велат од Министерството за здравство.

    E. БОЧВАРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира