НЕМА НОВИ СОМНИТЕЛНИ СЛУЧАИ ЗА КОРОНАВИРУС, НА ДЕВЕ БАИР ЌЕ СЕ ТЕСТИРА АВТОБУС СО ТУРИСТИ ОД СИНГАПУР И ЈАПОНИЈА

    НЕМА НОВИ СОМНИТЕЛНИ СЛУЧАИ ЗА КОРОНАВИРУС, НА ДЕВЕ БАИР ЌЕ СЕ ТЕСТИРА АВТОБУС СО ТУРИСТИ ОД СИНГАПУР И ЈАПОНИЈАМинистерот за здравство Венко Филипче кажа дека од македонска туристичка агенција се информирани оти 20 туристи од Сингапур и Јапонија преку Бугарија ќе дојдат во земјава. Известен е локалниот центар за јавно здравје и тие ќе бидат детално прегледани. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Нема нови тестирани пациени за коронавирус (КОВИД-19) во изминатото деноноќие, изјави министерот за здравство Венко Филипче. Единствената пациентка заразена со коронавирус е во стабилна состоjба, негативен е тестот, што значи дека таа веќе не може да ја пренесе болеста, но согласно протоколот, таа денес или утре повторно ќе биде тестирана. За КОВИД-19 е тестирана и нејзината ќерка, но тестот е негативен.

    Филипче кажа дека утрово од македонска туристичка агенција се информирани оти 20 туристи од Сингапур и Јапонија преку граничниот премин Деве Баир со  Бугарија ќе дојдат во земјава.

    „Со оглед на тоа дека тие доаѓаат од Романија, каде има регистриран случај, известен е локалниот центар за јавно здравје и тие ќе бидат детално прегледани“, додаде министерот.

    Министерот  доставил предлог до Владата за препораката за откажување на јавни собири и спортските натпревари да се играат без публика, да се продолжи до 13 март. Одлуката ќе се соопшти по денешната владина седница.

    Двајцата туристи од Австралија и Сингапур кои вчера беа тестирани на коронавирус се негативни, и пуштени се од Инфективната клиника.

    На барање на Министерството за здравство, во соработка со мобилните оператори, од вчера сите патници од странство, при влез во нашата држава, добиваат СМС порака со препорака да се јават на телефонскиот број на Институтот за јавно здравје доколку имаат симптоми на вирусот, независно на кој од четирите оператори ќе се поврзат (Т-Мобиле, А1, Лајка Мобајл и Телекабел).

    Бројката на заразени во Европа расте, кажа Филипче, стигна до 5.000, а прв регистриран случај има во Србија.

    Б. НЕСТОРОСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира