НЕМА ПРИТВОР ЗА ТАЛЕСКИ, ОДЗЕМЕН МУ Е ПАСОШОТ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    НЕМА ПРИТВОР ЗА ТАЛЕСКИ, ОДЗЕМЕН МУ Е ПАСОШОТ

    Основниот суд Скопје 1 соопшти дека нема притвор за градоначалникот на Битола, Владимир Талески, кој денес беше на распит за случајот „Транспортер“ на Специјалното јавно обвинителство.

    „Во врска со Предлогот за определување на мерка притвор против осомничениот В.Т. кој е опфатен во предметот на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела кои се поврзани и произлегуваат од незаконското следење на комуникации (СЈО) во јавноста познат како „Транспортер“, судија на претходна постапка по разгледување на предлогот донесе решение со кое истиот е одбиен, а е определена мерка на претпазливост, односно одземање на патна исправа на осомничениот“, стои во соопштението на Основниот суд Скопје 1.

    СЈО имаат право да поднесат жалба во рок од 24 часа до Кривичниот совет при Основен суд Скопје 1 – Скопје.

    Битолскиот градоначалник, Владимир Талески, претпладнево се појави во Основниот суд Скопје 1, на распит пред судија на претходна постапка за случајот „Транспортер“.

    Талески е првоосомничен во овој случај на Специјалното јавно обвинителство, а покрај него за злоупотреби со превозот на ученици во Битола осомничени се уште 21 лице.

    Битолскиот градоначалник е дел од групата политичари и нивни соработници, за кои, по целосното поништување на аболицијата од страна на претседателот Ѓорге Иванов, СЈО побара да им бидат одредени мерки за обезбедување присуство, поради кривичните постапки што се отворени против нив.

     

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари