НИЕ БИЗНИС ТЕРАМЕ, НЕ ТЕРАМЕ ПРИСЛУШУВАЊЕ И УЦЕНУВАЊЕ, МУ ВЕЛИ КАМЧЕВ НА БОКИ 13 ЗА МИЈАЛКОВ

    НИЕ БИЗНИС ТЕРАМЕ, НЕ ТЕРАМЕ ПРИСЛУШУВАЊЕ И УЦЕНУВАЊЕ, МУ ВЕЛИ КАМЧЕВ НА БОКИ 13 ЗА МИЈАЛКОВБоки 13 во денешната снимка на Орце Камчев му најавува затворска казна за Сашо Мијалков за прислушувањето. - Орце Камчев; Сашо Мијалков; Боки 13 (Фото: СДК.МК/Инстаграм)

    Во разговор објавен денеска од италијанскиот весник „Ла Верита“ за случајот „Рекет“, осомничениот Бојан Јовановски – Боки 13 му најавува на сведокот Орце Камчев дека наскоро ќе има пресуда за прислушуваните материјали (случај „Тврдина/Таргет“) и дека Сашо Мијалков веднаш по пресудата ќе го стават во затвор. Камчев во разговорот се оградува од Мијалков и вели дека за разлика од поранешниот директор на УБК, тие двајца се занимаваат само со бизнис и не ги интересираат политика, прислушувања и уцени.

    Транскрипт од дел разговорот меѓу Орце Камчев и Боки 13:

    Боки 13: Прислушуваните материјали.

    Орце Камчев: Палчо и компанија, шо со тоа?

    Боки 13: Не бре тоа, пресуда ќе има.

    Орце Камчев: Ааа.

    Боки 13: Мијалков.

    Орце Камчев: Кога? Ама тоа за ова, до таму дојде?

    Боки 13: Вероватно одма у затвор ќе го стават, на лежење.

    Орце Камчев: Ако е поголема казната, сигурно тоа… Шефе, од таму се сите гомна. Не сме слушале јас и ти, не сме праеле. Кој си слушал, нека си праи… Си сркал… А бе ние бизнис тераме, не тераме полиција, политика, прислушкувања, уценувања, глупости. Не сме научени на такви приказни, на таков начин.

    Боки 13: Добар си, добар си.

    Орце Камчев: Те бендисав, а?

    Судењето за „Тврдина/Таргет“ за масовното нелегално прислушување сè уште трае, се сослушуваат сведоци. Покрај Мијалков, обвинети се уште Гордана Јанкулоска, Тони Јакимовски (тогашен шеф на кабинетот на Мијалков), Владимир Варелов, Надица Николиќ, Силвана Златкова, Васил Исаковски и Марјан Шумуликовски. Обвинетите Горан Грујевски и Никола Бошкоски се во бегство во Грција.

    Мијалков веќе е осуден на три години затвор за случајот „Титаник 2“, но пресудата не е правосилна.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира