НИКОЛА БОШКОСКИ ГИ ЗДРОБИ НА ПРЕСА ДИСКОВИТЕ СО СНИМКИ ОД СОБРАНИЕТО И ГИ ИСТУРИ ВО ВАРДАР, СВЕДОЧЕШЕ ОБВИНЕТИОТ НИНЏА НА СУДЕЊЕТО ЗА 27 АПРИЛ

    НИКОЛА БОШКОСКИ ГИ ЗДРОБИ НА ПРЕСА ДИСКОВИТЕ СО СНИМКИ ОД СОБРАНИЕТО И ГИ ИСТУРИ ВО ВАРДАР, СВЕДОЧЕШЕ ОБВИНЕТИОТ НИНЏА НА СУДЕЊЕТО ЗА 27 АПРИЛОбвинетиот Александар Василевски - Нинџа денеска на судењето за 27 април ја дава својата одбрана. (Фото: К. Попов)

    Во тајна просторија на Петтата управа околу полноќ на 27 април лани, по организираниот напад на Собранието, обвинетиот Александар Василевски-Нинџа присуствувал на уништување на украдените хард дискови од Собрание.

    „Беа црни. Ги стави Никола Бошкоски на преса. Ги здроби. Парчињата потоа ги истури во Вардар“, сведочеше Нинџа, еден од 33-цата обвинети за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста на судењето за организираниот напад во Собранието на 27 април лани.

    „Ми кажа дека обвинетиот Сашо Марковски од УБК ги украл сите снимки. Дека сите снимки се избришани и оти нема никого да го има на снимка дека бил во Собрание. Така работи Петтата управа“, кажа Нинџа.

    Тој се обрати пред судот дека бил во бегство зашто имал притисоци од ексначалникот на Петтата управа Горан Грујевски да не се предава. Дека тој бил, како што кажа, „мостот“, но на крајот одлучил сам да се предаде.

    Горан Грујевски и Никола Бошкоски се избегани во Грција, а тамошниот Врховен суд донесе одлука тие да не бидат екстрадирани во Македонија.

    „Во 14.30 часот на 27 април ми се јави брат ми Благоја Василевски од Виена. Ми се јави да праша за мајка ми, болна е од рак. Тој беше обезбедување на поранешниот премиер Груевски. Беше на работен состанок со него во Виена. Претходно за да се чујам, му пишав неколку пораки: ’Можеш ли да збориш?‘“, кажа Нинџа за повикот од брат му.

    Според обвинителниот акт, Благоја, кој на 27 април со Груевски бил во Виена, во 14.30 часот му се јавил на Нинџа, по што почнала акцијата за напад на Собранието.

    Сведочењето на Нинџа, последно од обвинетите, е во тек.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари