И НИКОЛА ГРУЕВСКИ ВЛЕГУВА ВО СУДНИЦА ЗА „ТРУСТ“ СО СЕАД КОЧАН

    И НИКОЛА ГРУЕВСКИ ВЛЕГУВА ВО СУДНИЦА ЗА „ТРУСТ“ СО СЕАД КОЧАНВо случајот „Труст“ се работи за фалсификување на документација за добивање тендер од ЕЛЕМ тежок 17 милиони евра. - Груевски со адвокатот на јавна седница во Апелацискиот суд на 21 јули (Фото: СДК.МК)

    На денешното рочиште во Основниот суд Скопје 1 за случајот „Труст“ на СЈО, каде што обвинети се Сеад Кочан, Василије Авировиќ и Сафет Ватиќ, беше спомнато и името на експремиерот Никола Груевски, кого го нема меѓу обвинетите.

    Во еден момент, додека беа во дилема СЈО, адвокатите на обвинетите и судијката Лидија Трајковска-Зимбовска зошто и кој не им ги доставил доказите на тројцата обвинети, специјалниот обвинител Артан Ајро стана и издиктира во записник техничка грешка во пишувањето на доказите.

    „Барам корекција кај доказот од прислушуваните разговори, каде што е наведен разговор меѓу Влатко Чинговски и Кирил Божиновски, место Божиновски треба да стои Никола Груевски“, рече Ајро и тоа го нотираше судијката Трајковска-Зимбовска.

    Разговор меѓу поранешниот премиер Никола Груевски и поранешниот директор на ЕЛЕМ Владо Чинговски, објавен во 14. бомба на опозицијата.

    Во разговорот, Груевски му кажува на Чинговски дека се сретнал со „кратовчанецот, од Кратово“ и со тој „што има кола Сеат Ибица, знаеш? Сеат, Сеат Ибица“ и го советува директорот на ЕЛЕМ „да ја организира работата и да се сите задоволни“.

    „Да, ама тешко е. На тоа место таму не е ископ на јаловина, него е јаглен испорака. И таму не можат две различни да бидат, мора една да биде конзорциум некој поздрав. Јас разговорав со Горан му објаснив сето тоа, и затоа му дадов некое решение да се вклучи со некого, да направи еден подобар така тим. И тој ми вика да ми помогниш. Јас зборев со пријателот на тој од Берово. Он вика, а бе како да го тргнам сега него да се вклучам со овој? Му викам ти ако сакаш да добиеш работа, ти кажувам како да добиеш, многу едноставно“, му одговара Чинговски на Груевски во разговорот.

    Во случајот „Труст“ се работи за фалсификување на документација за добивање тендер од ЕЛЕМ тежок 17 милиони евра. Судењето се одложи за 14 ноември во 9.30 часот.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира