НИНЏА, КОЉО, ЌОСЕТО, ДОДЕВСКИ И ПОПОВСКИ НЕ ДОБИЈА АМНЕСТИЈА, СУДЕЊЕТО ЗА 27 АПРИЛ ПРОДОЛЖУВА В ПОНЕДЕЛНИК

    НИНЏА, КОЉО, ЌОСЕТО, ДОДЕВСКИ И ПОПОВСКИ НЕ ДОБИЈА АМНЕСТИЈА, СУДЕЊЕТО ЗА 27 АПРИЛ ПРОДОЛЖУВА В ПОНЕДЕЛНИКНа база на сведочењето на Александар Василевски-Нинџа и на Никола Митревски-Кољо, меѓу другите обвинети или амнестирани, се тера предистражна постапка од Обвинителството за организиран криминал за организаторите и наредбодавачите за нападот на Собранието на 27 април 2017. Не се знае овие обвинети дали ќе бидат третирани како соработници на правдата (Фото: К. Попов)

    Апелацискиот суд Скопје не ги прифати жалбите на Александар Василевски-Нинџа, Горанчо Ангеловски-Ќосето, Младен Додевски, Никола Митревски-Кољо и на Оливер Поповски, кои од Kривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 не добија амнестија за организираниот напад на Собранието на 27 април 2017.

    В понеделник продолжува судењето за нив и за уште десетина обвинети.

    На база на сведочењето на Нинџа и на Кољо, меѓу другите обвинети или амнестирани, се тера предистражна постапка од Обвинителството за организиран криминал за организаторите и наредбодавачите за нападот на Собранието на 27 април 2017. Не се знае овие обвинети дали ќе бидат третирани како соработници на правдата.

    Апелациониот суд не одлучи за жалбата на Горан Ѓошевски-Леви, бидејќи место името на Ѓошевски, Кривичниот совет го напишал името на обвинетиот Абдулфета Алими кој не доби амнестија и ќе мора да дојде на судењето в понеделник.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира