НИШТО НЕМА ДА ИМА ОД ИСТРАГАТА ЗА ПОПИСОТ ПРОТИВ АХМЕТИ И ГРУЕВСКИ, ЗАШТО БОМБИТЕ ВЕЌЕ НЕ ВАЖАТ СО НОВИОТ ЗАКОН ЗА ОБВИНИТЕЛСТВО

    НИШТО НЕМА ДА ИМА ОД ИСТРАГАТА ЗА ПОПИСОТ ПРОТИВ АХМЕТИ И ГРУЕВСКИ, ЗАШТО БОМБИТЕ ВЕЌЕ НЕ ВАЖАТ СО НОВИОТ ЗАКОН ЗА ОБВИНИТЕЛСТВОТелефонскиот разговор меѓу Ахмети и Груевски, во кој се договараат да го прекинат пописот не важи како доказ со новиот Закон за јавно обвинителство. - Али Ахмети на лидерска средба за новата влада на 19 август 2020 (Фото: СДК.МК)

    Лидерот на ДУИ Али Ахмети, кој е осомничен со поранешниот негов коалициски партнер Никола Груевски дека незаконски го прекинале почнатиот попис во 2011 година, утринава рано се појавил во поранешното СЈО да даде исказ. Но, според она што беше кажано пред две години кога беше отворена истрагата, дека нема сведоци против двајцата, туку дека се фатени во кривичното дело како се договараат во прислушуван телефонски разговор, нема многу изгледи за позитивен исход на оваа истрага.

    Со новиот Закон за јавно обвинителство, кој стапи на сила на 1 јули годинава, бомбите веќе не важат како доказ. Со тоа, нема да важи како доказ ни овој телефонски разговор, во кој Груевски и Ахмети се договараат да го прекинат пописот, поради неповолни податоци од теренот и сиромаштијата што довело до големо иселување на работната сила во странство. Тие се договараат да излажат дека пописот се прекинува поради некадарноста на Државната пописна комисија и на Државниот завод за статистика.

    Двајцата се осомничени дека го пропаднале пописот, со што, според истрагата, на буџетот му нанеле штета од над 175 милиони денари. Бидејќи според нашите сознанија ќе нема постапка, штетата на буџетот ќе нема и кој да ја плати.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира