НОВ ПОЖАР ВО РАДОВИШ ОД КАДЕ ПОБАРАЛЕ ПОМОШ ОД ХЕЛИКОПТЕР, ВО СКОПСКО И КУМАНОВСКО ПОЖАРИТЕ ЛОКАЛИЗИРАНИ

    НОВ ПОЖАР ВО РАДОВИШ ОД КАДЕ ПОБАРАЛЕ ПОМОШ ОД ХЕЛИКОПТЕР, ВО СКОПСКО И КУМАНОВСКО ПОЖАРИТЕ ЛОКАЛИЗИРАНИВо моментов со хеликоптери се гасне пожарот во Пехчево кај село Робово. (Фото: Општина Пехчево)

    Пожарите во Пехчево и Делчево и понатаму не се ставени под контрола, а нов поголем пожар денеска избувна во Радовиш. Како што соопштија од Центарот за управување со кризи (ЦУК), во Радовиш пожарот е кај селото Дамјан каде дува ветер, а од Општината е побарано интервенција од хеликоптер.

    „Времето утрово беше со пониски температури и овозможи да дејствуваат и хеликоптерите, тие сега гаснат во Пехчевско. Кај село Робово е најкритично, сета расположлива сила е таму за да се спречи пожарот да се прошири во Берово. Во Штип повторно имаме активирање на пожарот, теренот е многу непристапен, таму се припадници на Армијата и протипожарни екипи од повеќе градови. Исто пожар посериозен од утрово има и во Радовиш“, кажа Горан Стојановски од ЦУК.

    Во Прилеп има два пожара, едниот е под контрола и нема никакви шанси за ширње, но вториот кај Плетвар е потежок поради непристапен терен.

    По Скопскиот Регион пожари нема, сите се локализирани, а во Кумановко-Липковскиот Регион се ставени под контрола.

    Денеска, како што кажаа од ЦУК, ќе стасаат два големи авиона од Романија со кои ќе се гаснат пожарите, а дополнително треба да се утврди од каде ќе полнат вода.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира