НОВИ 6 ЗАРАЗЕНИ ОД КОРОНАВИРУСОТ, МЕЃУ НИВ И 4-ГОДИШНО ДЕВОЈЧЕ ОД ШТИП ШТО БИЛО ВО ГРАДИНКА ВО АНГЛИЈА

    НОВИ 6 ЗАРАЗЕНИ ОД КОРОНАВИРУСОТ, МЕЃУ НИВ И 4-ГОДИШНО ДЕВОЈЧЕ ОД ШТИП ШТО БИЛО ВО ГРАДИНКА ВО АНГЛИЈАБројот на заразени од коронавирусот во земјава се зголеми на 48, во моментов се тестираат уште 35 лица - инфективната клиника во Скопје (фото: СДК.МК)

    Бројот на заразени од коронавирус во земјава се зголеми на 48. До 16 часот денеска се дијагностицирани 6 нови пациенти, соопшти Министерството за здравство

    Се работи за едно девојче од Штип на 4-годишна возраст, кое се инфицирало во градинка во Англија. Семејството се вратило во земјата на 14 март и било во домашна излоација. На тестирање се јавиле вчера, два дена откако девојчето ги почувствувало првите симптоми.

    Во Дебар се регистрирани 3 нови случаи на коронавирус, тестовите се направени во рамките на скринингот.

    Во Скопје е регистриран 1 нов случај, контакт на претходно дијагностицираните.

    И во Гостивар е потврден случај на коронавирус. Се работи за жена вратена од Швајцарија која била во домашна изолација. На тестирање се јавила сама, а на епидемиолошката анкета навела дека имала контакт со заболен во Швајцарија.

    Во моментов се тестираат 35 лица, за кои Министерството за здравство ќе извести веднаш по добивање на резултатите.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира