НОВИ 9 СЛУЧАИ НА КОВИД-19, БРОЈКАТА НА ЗАРАЗЕНИ ОД КОРОНАВИРУС СЕ ИСКАЧИ НА 85

    НОВИ 9 СЛУЧАИ НА КОВИД-19, БРОЈКАТА НА ЗАРАЗЕНИ ОД КОРОНАВИРУС СЕ ИСКАЧИ НА 85Од денеска Министерството за здравство за точната статистика и бројката на заболени лица ќе информира еднаш дневно за состојбата до 12.00 часот, а бројката ќе се однесува на изминатите 24 часа.- Здравствени работници во Клиничкиот центар во Скопје - (Фото: Ѓ. Личовски)

    Регистрирани се 9 нови случаи на коронавирус во земјата, соопшти Министерството за здравство.

    Со ова бројката на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска до 12.00 часот, изнесува 85.

    Според местото на постојано живеење, случаи на КОВИД-19 се регистрирани во 6 градови: Скопје, Дебар, Штип, Кавадарци, Гостивар и Охрид.

    Состојбата на хоспитализираните пациенти Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби е непроменета во однос на вчера. Единствената пациентка која е на респираторна машина е во критична фаза, тројца се со форма на потешка пневмонија но во моментов се стабилни, а останатите пациенти се со полесна клиничка слика. Сите пациенти кои се на домашно лекување се во постојан контакт со лекарите од клиниката.

    Од денеска Министерството за здравство за точната статистика и бројката на заболени лица ќе информира еднаш дневно за состојбата до 12.00 часот, а бројката ќе се однесува на изминатите 24 часа.

    Од таму соопштија дека „со оглед на локалната трансмисија и обемот на информациите кои ги водат епидемиолозите нема да можеме секогаш да одговориме или информираме за контактите кои заболените ги имале со други лица или колку дополнително луѓе се тестираат како резултат на контакт со секој од новозаболените. Веруваме дека разбирате дека тоа практично повеќе нема да биде возможно“.

    Прес-конференциите остануваат редовни и минимум еднаш дневно како што беше и досега. Соопштенијата со точни информации и статистики кои ги споделувавме неколку пати дневно ќе се редуцираат на еднаш за состојбата до 12 часот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира