НОВИНАРИТЕ ПОБАРАА ОД ВМРО-ДПМНЕ ДА ПРЕСТАНЕ ЕТИКЕТИРАЊЕТО

    НОВИНАРИТЕ ПОБАРАА ОД ВМРО-ДПМНЕ ДА ПРЕСТАНЕ ЕТИКЕТИРАЊЕТОПратеникот Илија Димовски на денешната прес-конференција во Собранието се извини за етикетите и рече дека нема да се повтори. (Фото: СДК.МК)

    Мира Костиќ, долгогодишна новинарка на Радио Скопје, реагираше за квалификациите и етикетирањето што ВМРО-ДПМНЕ на неколку последователни прес-конференциии ги кажува за дел од новинарите и медиумите и повика да се престане со таква пракса.

    Пратеникот Илија Димовски на забелешката на Костиќ, се извини и рече дека нема да се повтори.
    На денешната прес-конференција, ВМРО-ДПМНЕ најави дека ќе поднесе интерпелација за работата на министерот за надворешни работи Никола Димитров, поради штетниот договор со Бугарија, за стратегијата за мигранти и бегалци и за блокирањето на Александар Николоски за амбасадор во Брисел.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира