Новинарката на САКАМДАКАЖАМ.МК Соња Делевска ја освои првата награда за професионално известување за состојбата на бегалците и лицата без државјанство со серијалот текстови за 19-годишното момче кое почина без извод и здравствена книшка.
Наградата ја доделува Македонското здружение на млади правници во соработка со Здружение на новинарите на Македонија и УНХЦР-Скопје.
Втората награда ја доби Валентина Стојчевска од „Фокус“ за написот „ЖИВОТ ВО КАФЕЗ -Државата не го брои Судахан во живите, но го ‘оживеа’ само кога требало да го пикне зад решетки!”. Третата награда му припадна на Дарко Штаргоски од „Инфо Компас“ за мултимедијалниот производ „За добивањето на државјанство во Македонија чекаат и по 15 години – скратени им се огромен број права“.
- ВРХОВНИОТ СУД ПОТВРДИ ДЕКА МАТУРАНТОТ ТОНИ САЛИ ПОЧИНА БЕЗ МАТИЧЕН БРОЈ ПОРАДИ ГРЕШКА НА ГРАЃАНСКИОТ И НА АПЕЛАЦИОНИОТ СУД СКОПЈЕ
- МЕСТО ПРЕД УПРАВЕН СУД, ПА ВО СТРАЗБУР, МАЈКАТА НА ТОНИ САЛИ ВРАТЕНА ДА МОЛИ ЗА ИЗВОД КАЈ ШТО НИКОГАШ НЕ Ѝ ДАДОА ЗА ДЕТЕТО
- ЕДЕН МЕСЕЦ ОТКАКО ПОЧИНА, ВТОРОСТЕПЕНАТА КОМИСИЈА ГО ПРАЌА ТОНИ САЛИ ДА ТЕРА ПРАВДА ПРЕД СУД
- НА СОВЕСТ ЌЕ ГО НОСИТЕ ТОНИ СИТЕ ШТО ИМАВТЕ ДОПИР СО НЕГОВОТО БАРАЊЕ ДА ДОБИЕ ИЗВОД НА РОДЕНИ, ВЕЛИ СУЗАНА САЛИУ, ЗАМЕНИК-НАРОДЕН ПРАВОБРАНИТЕЛ
- ПОЧИНА 19-ГОДИШНОТО МОМЧЕ ШТО ДРЖАВАТА ГО ОСТАВИ БЕЗ ИЗВОД И ЗДРАВСТВЕНА КНИШКА, ЕДИНСТВЕН ДОКАЗ ДЕКА ПОСТОЕЛ СЕ ПЕТКИТЕ ВО СВИДЕТЕЛСТВАТА