НОВИОТ ЗАКОН ЗА ЈАВНО ОБВИНИТЕЛСТВО ДА ГО ДОНЕСЕ СЕГАШНИОТ ПАРЛАМЕНТ, ПОБАРА ЕВРОКОМЕСАРОТ ЗА ПРОШИРУВАЊЕ ВАРХЕЈИ

    НОВИОТ ЗАКОН ЗА ЈАВНО ОБВИНИТЕЛСТВО ДА ГО ДОНЕСЕ СЕГАШНИОТ ПАРЛАМЕНТ, ПОБАРА ЕВРОКОМЕСАРОТ ЗА ПРОШИРУВАЊЕ ВАРХЕЈИЕврокомесарот Оливер Вархеји побарал од Европскиот парламент да објави награда од 50 милиони евра за постигнувањата и резултатите на земјата. - Од прес-конференција на Оливер Вархеји и Оливер Спасовски (Фото: К. Попов)

    Еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји рече дека носењето на новиот Закон за Јавно обвинителство од сегашниот парламент, пред изборите во април, ќе биде добар знак за земјите членки на ЕУ. Вархеји, на заедничката прес-конференција со премиерот Оливер Спасовски по нивната средба во Владата, рече и дека спроведувањето на Договорот од Преспа и договорот за добрососедство со Бугарија треба да останат приоритет и новата Влада, каква и да биде по изборите.

    „Северна Македонија и Албанија се подготвени да ги почнат пристапните преговори. Мора да почнеме пристапни преговори со овие две земји. Треба да имаме позитивна одлука од страна на Советот за отворање пристапни преговори пред Самитот во Загреб годинава. Тој ќе се случи во мај. Сакаме да предложи отворање пристапни преговори и тоа да започне уште пролетва, но тоа треба да дојде заедно со економски план за земјите од регионот за да го затвориме економскиот јаз меѓу вас и нас. Откако ќе бидат отворени преговорите, предизвикот ќе биде поголем за Северна Македонија. Затоа е потребно владата и сите други институции да ги имплементираат реформите, а секако приоритет треба да се даде на новиот Закон за Јавно обвинителство. Се надеваме дека ова ќе биде направено од сегашниот парламент тоа ќе биде добар знак упатен до земјите членки“, изјави Вархеји.

    Тој кажа и дека побарал од Европскиот парламент да објави награда од 50 милиони евра за постигнувањата и резултатите на земјата во искористувањето на европските фондови. „Овој предлог сега е во Европскиот парламент и се надевам дека ќе добие зелено светло и ќе биде одобрена исплатата и ќе можете да планирате да ги инвестирате овие пари многу брзо“, кажа Вархеји.

    Со последната драфт верзија на новиот Закон за Јавно обвинителство се укинува Специјалното јавно обвинителство. Нема да има ново Обвинителство за висока корупција, туку си останува истото Обвинителство за организиран криминал и корупција, кое според описот на кривичните дела во најновата верзија, ќе ја преземе надлежноста на СЈО.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира