ОБВИНЕТИТЕ ЕКСДИРЕКТОРИ ВО МВР ЧАВКОВ И МИЈАЛКОВ СЕ СРЕТНАА ВО СУД

    ОБВИНЕТИТЕ ЕКСДИРЕКТОРИ ВО МВР ЧАВКОВ И МИЈАЛКОВ СЕ СРЕТНАА ВО СУДМитко Чавков, кој беше директор на Бирото за јавна безбедност (БЈБ), е еден од обвинетите за организираниот напад на Собранието на 27 април лани, а е пуштен од судот од повеќемесечниот притвор со гаранција од 600 илјади евра (Фото: СДК.МК)

    Обвинетиот ексдиректор во МВР Митко Чавков се потпиша утринава во Основниот суд Скопје 1, каде што е неговиот пасош како гаранција дека ќе биде достапен за судењето за организираниот напад на Собранието на 27 април лани. Чавков, кој беше директор на Бирото за јавна безбедност (БЈБ) е пуштен од судот од повеќемесечниот притвор, со гаранција од 600 илјади евра.

    Во холот на Кривичниот суд денеска тој се сретна со ексдиректорот на УБК Сашо Мијалков, со кого ја делеа власта во МВР. Мијалков е еден од обвинетите во случаите на СЈО „Таргет“ и „Тврдина“ споени во едно обвинение чие рочиште е во тек денеска.

    Викендот Чавков беше присутен на инцидент во угостителскиот објект „Подгорски анови“ во Струмица, кога друштвото што било со него натепа струмичанец од соседната маса, зашто го фотографирале со мобилен.

    Чавков денеска не сакаше да даде изјава за инцидентот што го расветлува МВР и си замина.

    Судењето за организираниот напад на Собранието на 27 април на Чавков, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, старешини и вработени во МВР и на организаторите на протестите „За заедничка Македонија“ уште не е закажано.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира