Основното јавно обвинителство (ОЈО) денеска поднесе обвинителен предлог против деветмина учесници во нападот во Собранието на 27 април, соопшти Јавното обвинителство на Марко Зврлевски. Обвинетите се товарат дека сториле кривично дело – Учество во толпа што ќе спречи службено лице во вршење на службено дејствие.
Од ОЈО велат дека за две од лицата за кои е поднесен обвинителниот предлог е предложено продолжување на мерката притвор, а за едно лице кое досега беше во притвор предложено е определување на мерка куќен притвор.
ОЈО за три лица лица, за кои МВР поднесе кривична пријава, донесе решение за отфрлање на кривичната пријава. Исто така, од ОЈО велат дека е можно да се изврши преквалификација на кривичното дело во текот на целата постапка, ако се пронајдат дополнителни докази.