ОБВИНИТЕЛКАТА ЛИЛЕ СТЕФАНОВА ГО СОВЕТУВАШЕ МИЛЕ ЈАНАКИЕСКИ ДА ЈАДЕ ВО ПРИТВОР И ДА НЕ СИ ГО УНИШТУВА ЖИВОТОТ

    ОБВИНИТЕЛКАТА ЛИЛЕ СТЕФАНОВА ГО СОВЕТУВАШЕ МИЛЕ ЈАНАКИЕСКИ ДА ЈАДЕ ВО ПРИТВОР И ДА НЕ СИ ГО УНИШТУВА ЖИВОТОТОбвинителите и судиите, според законот, обврзани се да се грижат за здравјето, правата и состојбата на притворените лица во нивните предмети. - Лиле Стефанова; Миле Јанакиески (Фото: СДК.МК)

    Обвинителката од СЈО Лиле Стефанова во редовна комуникација обвинител – притворено лице, на Миле Јанакиески по завршувањето на судскиот процес „Траекторија“ му пристапи да го праша за синоќешниот преглед на бубрезите во болница.

    Откако и кажа дека му се слошило, таа му кажа:

    „Со одбивањето храна во затворот, самиот си ја влошувате здравствената состојба. Си го уништувате животот“.

    „Ова не е живот“, се пожали пред неа Јанакиески, по што таа му даде уште неколку совети и си замина заедно со сите присутни во судницата.

    Обвинителите и судиите, според законот, обврзани се да се грижат за здравјето, правата и состојбата на притворените лица во нивните предмети.

    Јанакиески, според болнички извори, се пожалил на болка во пределот на бубрезите, по што бил прегледан в болница од специјалист. Но, тој не нашол дијагноза и причина за да биде задржан Јанакиески на болничко лекување. Препорачал лекарски надзор во затворот во Шутка.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари