ОБВИНИТЕЛСТВОТО ГО СОМНИЧИ ИГОР ЈУГ ЗА ВОДАЧ НА НАСИЛНА ТОЛПА ВО СОБРАНИЕТО НА 27 АПРИЛ, БАРА НОВ ПРИТВОР ЗА НЕГО

    ОБВИНИТЕЛСТВОТО ГО СОМНИЧИ ИГОР ЈУГ ЗА ВОДАЧ НА НАСИЛНА ТОЛПА ВО СОБРАНИЕТО НА 27 АПРИЛ, БАРА НОВ ПРИТВОР ЗА НЕГО47-годишниот Југ беше уапсен во Куманово на 21 септември по наредба на Основното јавно обвинителство Скопје. - Игор Југ за време на нападот во Собранието (во црна маица, лево од маскираниот напаѓач во бела маица) (Фото: принтскрин од видеото на Радио Слободна Европа)

    Скопското обвинителство, кај што се водат дел од истрагите за крвавите насилства на 27 април годинава во Собранието, вчера до судија на претходна постапка поднело предлог за определување на мерката Притвор за осомничениот Игор Југ поради постоење на опасност од бегство, поради попречување на истрагата и можност за повторување на кривичното дело.

    „Предлогот е поднесен бидејќи од досега прибавените докази од страна на ОЈО – Скопје произлезе дека покрај за кривично дело Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи од чл.396 од Кривичниот законик, постои основано сомнение дека осомничениот преземал дејства како водач на толпа во врска со случувањата во Собранието на Република Македонија од 27 април годинава. Поради тоа, надлежниот јавен обвинител донесе наредба за спроведување на истражна постапка и за кривично дело Учество во толпа што ќе изврши кривично дело од чл.385 ст.3 од Кривичниот законик, за кое дело пропишана е казна затвор од една до 10 години“, соопшти Јавното обвинителство на Македонија.

    Југ на 21 септември беше уапсен од кумановската полиција. 47-годишниот Југ беше уапсен по наредба на ОЈО-Скопје поради основано сомневање за сторено кривично дело Учество во толпа што ќе спречи службено лице во вршење на службено дејствие во врска со настаните од 27 април. Беше баран од МВР и за кривично дело Учество во толпа што ќе изврши кривично дело, како и за кривично дело Разбојништво. Првичната мерка притвор, која истече денеска, му беше осум дена.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира