ОБВИНИТЕЛСТВОТО ЈА ИСТРАЖУВА ПРИЈАВАТА ОД АМЕРИКАНСКАТА АМБАСАДА ДЕКА 83 КРИМИНАЛЦИ КОИ СЕ НА СЛОБОДА ДОБИЛЕ ОРУЖЈЕ ЗА ДА ГО ПОПРЕЧУВААТ ГЛАСАЊЕТО

    ОБВИНИТЕЛСТВОТО ЈА ИСТРАЖУВА ПРИЈАВАТА ОД АМЕРИКАНСКАТА АМБАСАДА ДЕКА 83 КРИМИНАЛЦИ КОИ СЕ НА СЛОБОДА ДОБИЛЕ ОРУЖЈЕ ЗА ДА ГО ПОПРЕЧУВААТ ГЛАСАЊЕТОДо Амбасадата на САД вчера за случајот се обратило едно лице од политичка партија, вели Обвинителството. (Фото: СДК.МК)

    Јавното обвинителство го истражува известувањето од Амбасадата на САД за тоа дека едно лице од политичка партија вчера се обратило до нив и споделило информација дека 83 лица, кои биле повеќекратно осудени сторители на кривични дела и се на слобода, добиле огнено оружје заради попречување на изборниот процес на денешните Локални избори, како и дека друго лице, познат сторител на кривични дела, поседува оружје и дека на денот на гласањето ќе изврши кривични дела со кои ќе го загрози животот и телото на членови на политичка партија. Обвинителството не прецизира за која партија станува збор.

    „По приемот на известувањето, преку МВР СВР Скопје се проверуваат наводите од пријавата и се преземаат оперативни мерки за проверка на лицата и разговор со подносителот на пријавата, а заради утврдување евентуални основи на сомнение за сторено кривично дело, за кое гонењето се презема по службена должност“, соопшти Обвинителството.

    Денеска Обвинителството добило и пријава дека засега непознати лица со две патнички моторни возила вршат изборен поткуп во Топаана и Шуто Оризари, а Обвинителството дало насоки СВР Скопје да ги провери наводите од пријавата и на лицата на кои што им бил понуден поткупот. Обвинителството го утврдува и идентитетот на оној кој денеска околу 9,35 часот во близина на влезот на гласачкото место во „Кочо Рацин“ на улицата Борка Талески на 9 возила од надворешна страна на стаклата залепил бројка од кандидат за градоначалник.

    Дежурен јавен обвинител од скопското обвинитeлство е присутен во Штабот во седиштето на СВР Скопје каде се следат сите настани поврзани со неправилности за локалните избори, велат од Обвинителството.

     

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира