ОБВИНИТЕЛСТВОТО НА ЗВРЛЕВСКИ ПОБАРА ПРИТВОР ЗА 14 ОД НАПАЃАЧИТЕ ВО СОБРАНИЕТО, 7 СЕ ВЕЌЕ УАПСЕНИ

    ОБВИНИТЕЛСТВОТО НА ЗВРЛЕВСКИ ПОБАРА ПРИТВОР ЗА 14 ОД НАПАЃАЧИТЕ ВО СОБРАНИЕТО, 7 СЕ ВЕЌЕ УАПСЕНИПротив 15 лица се води постапка за учество во толпа што ќе спречи службено лице во вршење на службено дејствие.- Од упадот во Собранието во четвртокот (Фото: СДК.МК)

    Основното јавно обвинителство Скопје побара судија на претходна постапка да им изрече притвор на 14 лица кои се осомничени дека учествувале во нападот на Собранието во четвртокот, соопшти пред малку Јавното обвинителство на Марко Зврлевски.

    За едно лице е побарано определување мерки на претпазливост. Од ОЈО велат дека седуммина веќе се уапсени. Против сите 15 се води постапка за кривично дело – Учество во толпа што ќе спречи службено лице во вршење на службено дејствие.

    „Надлежен јавен обвинител, ценејќи дека се исполнети законските основи, за четиринаесет од осомничените предложи до судија на претходна постапка да им биде определена мерка притвор. За едно лице е предложено определување на мерки на претпазливост“, соопшти обвинителството.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира