ОБВИНИТЕЛСТВОТО СО НОВА ИСТРАГА ЗА УШТЕ ДЕСЕТИНА ОСОМНИЧЕНИ ЗА ОБИДОТ ЗА УБИСТВО НА СЕЛА

    ОБВИНИТЕЛСТВОТО СО НОВА ИСТРАГА ЗА УШТЕ ДЕСЕТИНА ОСОМНИЧЕНИ ЗА ОБИДОТ ЗА УБИСТВО НА СЕЛАОсомничени во новата истрага се десетина насилници кои не беа опфатени во обвинението против 10-темина веќе осудени. - Зијадин Села пред Основниот суд Скопје 1 (Фото: СДК.МК)

    Обвинителот Дарко Јакимовски, кој го застапуваше обвинението за обидот за убиство на Зијадин Села, за кое обвинетите пред малку добија вкупна казна од 85 години затвор, почнал нова, дополнителна истрага за напад и обид за убиство на Зијадин Села. Осомничени во новата истрага се десетина насилници кои не беа опфатени во ова обвинение против 10-темина веќе осудени, а од кои некои беа и побрутални од нив.

    Во меѓувреме, се шири и обвинението против Митко Чавков и 30-темина обвинети, поради новонабавени видео снимки од организираниот напад на Собранието на 27 април лани, но и поради нови заштитени сведоци.

    Оваа голема група е обвинета за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста на Македонија и за организација на нападот во Собранието со тешко повредени пратеници, полицајци, граѓани. Судењето почнува на 22 август кај судијката од организиран криминал Добрила Кацарска.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира