ОБВИНИТЕЛСТВОТО ОТВОРИ ИСТРАГА ЗА ГОВОРОТ НА ОМРАЗА НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ ЗА ПОЖАРИТЕ ВО АТИНА ВО КОИ ЗАГИНАА НАД 80 ЛУЃЕ

    ОБВИНИТЕЛСТВОТО ОТВОРИ ИСТРАГА ЗА ГОВОРОТ НА ОМРАЗА НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ ЗА ПОЖАРИТЕ ВО АТИНА ВО КОИ ЗАГИНАА НАД 80 ЛУЃЕНајстрашните и најнечовечките постови беа од нескриени профили, но Обвинителството ќе работи на откривањето на идентитетот и на таквите автори со скриени профили на Фејсбук. (Фото: СДК.МК)

    Јавното обвинителство на Скопје оформи предмет за ширењето говор на омраза во постовите и коментарите на социјалните мрежи во врска со катастрофалниот пожар во Атина, во кој изминативе три дена загинаа 80-тина луѓе. За ширењето говор на омраза, ксенофобија или расизам, во Кривичниот законик предвидена е затворска казна од една до пет години.

    Како што поединци и групи постираа содржини со радост за катастрофата во Грција, така на јавниот обвинител на Македонија Љубомир Јовески во текот на вчерашниот ден му биле препраќани содржините, дознава САКАМДАКАЖАМ.МК. Најстрашните и најнечовечките постови беа од вистински профили, но Обвинителството ќе работи на откривањето на идентитетот и на таквите автори со лажни профили на Фејсбук.

    „Јавното обвинителство ќе испитува дали преку пишувањето на коментарите и написите на социјалните мрежи е извршено кривично дело за кое се гони по службена должност. Следува преземање на дејствија со цел обезбедување докази во предметот. Воедно, ќе се утврдува идентитетот на лицата кои преку објавување на написи и коментари учествувале во ширењето на говорот на омраза“, прецизираше денеска Јавното обвинителство на Македонија.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира