ОБВИНИТЕЛСТВОТО ПОДНЕСЕ ОБВИНЕНИЕ ПРОТИВ СКОПЈАНЕЦ ЗА НАСИЛСТВО СТОРЕНО ОД ОМРАЗА ПОРАДИ СЕКСУАЛНА ОРИЕНТАЦИЈА И ПРИПАДНОСТ НА ЛГБТ ЗАЕДНИЦАТА

    ОБВИНИТЕЛСТВОТО ПОДНЕСЕ ОБВИНЕНИЕ ПРОТИВ СКОПЈАНЕЦ ЗА НАСИЛСТВО СТОРЕНО ОД ОМРАЗА ПОРАДИ СЕКСУАЛНА ОРИЕНТАЦИЈА И ПРИПАДНОСТ НА ЛГБТ ЗАЕДНИЦАТА33-годишен скопјанец наладнал ЛГБТ лице по првата Парада на годоста во Скопје во 2019. (Фото: СДК.МК)

    Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против 33-годишен скопјанец кој се товари за кривично дело – Насилство од омраза, согласно член 386 став 5 во врска со став 3 и став 1 од Кривичниот законик, кое го извел пред 3 години по првата Парада на гордоста во Скопје. Делото било сторено од омраза поради сексуалната ориентација и припадност на оштетениот кон ЛГБТ заедницата, соопшти Обвинитеството.

    „На 29.06.2019 година, обвинетиот во група со повеќе други засега неидентификувани лица, извршиле малтретирање, грубо навредување и грубо насилство врз едно лице. Делото било сторено од омраза заради сексуалната ориентација и припадност на оштетениот кон ЛГБТ заедницата. На наведениот датум, по завршување на Парадата на гордоста во Скопје, оштетениот со уште неколку други лица се враќале од ручек на Матка. Кога тргнале да си одат биле забележани од обвинетиот и другите непознати лица, кои ги препознале и започнале да ги навредуваат и да им се закануваат. Исплашени за нивната безбедност, оштетениот и неговите пријателки се качиле во такси возила и се обиделе да побегнат, но обвинетиот и неговата група со автомобили ги следеле. Такси возилото во кое бил оштетениот било попречено од друг автомобил и било принудено да застане, по што обвинетиот насилно ја отворил предната совозачка врата и физички го нападнал оштетениот, го удрил со бокс и започнал да го тегне за да го извлече од возилото. На тој начин обвинетиот му нанел телесни повреди на оштетениот – контузија и раздерно-нагмечна рана, а кај останатите сведоци на настанот предизвикал чувство на несигурност, загрозување и страв“, соопшти Обвинителството.​

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира