ОД 10 И ПОЛ ДО 13 И ПОЛ ГОДИНИ ЗАТВОР ЗА ОБВИНЕТИТЕ ЗА ОБИД ЗА УБИСТВО НА ЗИЈАДИН СЕЛА

    ОД 10 И ПОЛ ДО 13 И ПОЛ ГОДИНИ ЗАТВОР ЗА ОБВИНЕТИТЕ ЗА ОБИД ЗА УБИСТВО НА ЗИЈАДИН СЕЛАОбвинетите за обид на убиство на пратеникот Зијадн Села ја слушаат пресудата во Основниот суд Скопје 1. (Фото: СДК.МК)

    За обидот за убиство на пратеникот Зијадин Села при организираниот напад на 27 април лани во Собранието, судијката Славица Андреевска денеска во Кривичниот суд на обвинетите им изрече неправосилни затворски казни во вкупно траење од 85 години.

    Кире Георгиевски е осуден на 13 години затвор, Андреј Мицов на 10 години и 6 месеци, Никола Војминовски 13 години и 6 месеци, Коста Делов 10 и пол години, Александар Јаневски Тошта доби 13 години, Оливер Ошавковски 10 години и 6 месеци, Николче Димитриевски на 10 и пол години затвор. Виновни се дека со умисла се обиделе да го убијат Зијадин Села.

    „Готово, ми отиде мене животот”, одмавна со рака Николче Димитриевски, обраќајќи му се на татка си во судницата. Кире Георгиевски плачеше по изрекувањето на казната.

    Претходно, Стојан Павлевски по признавање на вината беше осуден на 3 години затвор, а Цејо Георгиевски, татко на Кире, на 14-месечна затворска казна. Двајцата беа осудени за насилства, бидејќи од снимките се виде дека немале контакт со оштетениот Села.

    Обвинителот Дарко Јакимовски кажа дека Села денеска е жив, благодарение на тоа што обвинетите биле уверени дека го убиле. Судијката прочита 15-тина дијагнози, тешки повреди на Села на мозокот, на главата.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира