ОД 21 ЈАНУАРИ КАФУЛИЊАТА ЌЕ РАБОТАТ ДО 21 ЧАСОТ, ЌЕ РАЗМИСЛИМЕ ДАЛИ ЌЕ ДОЗВОЛИМЕ И ДО 23, РЕЧЕ ФИЛИПЧЕ

    ОД 21 ЈАНУАРИ КАФУЛИЊАТА ЌЕ РАБОТАТ ДО 21 ЧАСОТ, ЌЕ РАЗМИСЛИМЕ ДАЛИ ЌЕ ДОЗВОЛИМЕ И ДО 23, РЕЧЕ ФИЛИПЧЕКафулињата и рестораните од 18 декември работат до 18 часот. Фото: СДК.МК)

    Од 21 јануари кафулињата и рестораните повторно ќе работат до 21 часот. Министерот за здравство Венко Филипче вели дека епидемиолошката слика во земјава е стабилна, се намалува бројот на хоспиталиизрани пациенти во болниците и има слободни болнички кревети, со што се овозможува враќање на работното време на угостителските објекти.

    „Од 21 јануари сигурно е дека угостителските објекти ќе работат до 21 часот. Ќе се разгледува барањето и можноста да работат и до 23 часот. Мерките кои беа воведени пред Нова година додоа резултат, имаме стабилна состојба и засега друго олабавување нема да има“, рече министерот Филипче по посетата на Институтот за судска медицина.

    Кафулињата и рестораните од 18 декември работат до 18 часот како дел од мерките на Владата донесени пред новогодишните празници, со цел да се спречат групирања и новогодишни прослави.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира