ОД КОРОНАВИРУС ПОЧИНА 63-ГОДИШЕН ДЕБАРЧАНЕЦ, НАГЛО МУ СЕ ВЛОШИЛА СОСТОЈБАТА

    ОД КОРОНАВИРУС ПОЧИНА 63-ГОДИШЕН ДЕБАРЧАНЕЦ, НАГЛО МУ СЕ ВЛОШИЛА СОСТОЈБАТАПациентот починал на Инфективната клиника во Скопје. (Фото: К. Попов)

    Ноќеска на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје почина пациент заболен од коронавирус, соопшти Министерството за здравство. Се работи за маж на 63-годишна возраст од Дебар, кај кого дошло до нагло влошување на состојбата, и тој е втората жртва на болеста.

    Пациентот е хоспитализиран на Клиниката на 17 март, без покачена температура, но со наод на белите дробови и бил зависен од кислород. Во текот на ноќта нагло се влошува неговата состојба, веднаш е интубиран, ставен на респираторна машина, но во неколку часа неговата состојба дополнително се влошила и пациентот починал. Пациентот немал позната историја на коморбидитет, односно друга претходна болест.

    Завчера во Куманово почина 57-годишна жена од коронавирус, која претходно имала два негативни теста, а и таа немала ниедна хронична болест која можела дополнително да ја искомплицира состојбата.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира