Од среда, 16 јуни, да се укине полицискиот час, е новиот предлог на Комисијата за заразни болници кој ќе биде предложени до Главниот кризен штаб, објави на Фејсбук министерот за здравство Венко Филипче.
„Епидемиолошката состојба е стабилна и го дозволува ова“, вели Филипче.
Комисијата исто така предлага са се укине ограничувањето од максимум 100 гости на свадби и прослави. Нов предлог е и да се дозволи организација на настани, концерти и забави во клубовите и локалите само на отворено, со капацитет до максимум 50% од објектот и не повеќе од 1.000 лица.
Вчера, за првпат после 2 септември 2020, во земјава немаше нов починат од ковид-19. Активни случаи има 437.
Вкупно ковид дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата се 155.536, оздравени се 149.628, а починаа 5.471.
Б. НЕСТОРОСКА