Од утре (22 март) се воведува полициски час во земјавата, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Со оваа мерка која вечерва била усвоена на владина седница се ограничува движењето на сите граѓани од 21 до 6 часот секој ден.
„Нема компромис кога е здравјето на граѓаните во прашање, мерките мораме сите да ги почитуваме, само така ќе си ги спасиме народот и државата“, стои во соопштението на официјалната фејсбук страна на МВР.
Секој момент се очекува прес-конференција на техничкиот премиер Оливер Спасовски во Владата, на која ќе ги објави новите мерки за спречување на понатамошно ширење на коронавирусот.
Во земјава досега од КОВИД-19 се заболени 85 лица.
А. АНТЕВСКА