ОД УТРЕ ВО СКОПЈЕ КОВИД ВАКЦИНАЦИЈА И ВО ПОЛИКЛИНИКИТЕ БИТ ПАЗАР, ДРАЧЕВО, ЧЕНТО И ЃОРЧЕ ПЕТРОВ

    ОД УТРЕ ВО СКОПЈЕ КОВИД ВАКЦИНАЦИЈА И ВО ПОЛИКЛИНИКИТЕ БИТ ПАЗАР, ДРАЧЕВО, ЧЕНТО И ЃОРЧЕ ПЕТРОВПоради дводневниот хаос за вакцинација, во поликлиниката „Јане Сандански“ вакцинираа надвор. (Фото: К. Попов)

    Oд утре во Скопје се отвораат дополнителни четири пункта за вакцинација против ковид-19 и тоа во Поликлиниките Бит Пазар, Драчево, Ченто и Ѓорче Петров, соопшти Министерството за здравство. Во две смени ќе работат пунктовите во Чаир, Јане Сандански, Букурешт и Бит Пазар. Во прва смена ќе работат Шуто Оризари, Драчево и Ченто.

    Новите пунктови се отвораат по дводневниот хаос пред поликлиниките „Јане Сандански“, „Букурешт“ и „Чаир“ кои беа единствени места за вакцинација во Скопје, откако во саботата вечер Владата најави дека од 16 август ќе треба доказ за вакцинација за влез на настани со над 30 луѓе, вклучувајќи ги и угостителските објекти.

    Од Министерството велат дека се вакцинира населението над 16-годишна возраст и без закажан термин. 32% од полнолетното население на територијата на целата држава е веќе имунизирано со барем една доза на вакцина.

    Најголем опфат со прва вакцина има во Гевгелија 51% и Кавадарци 50.3% каде половина од населението е веќе вакцинирано. 48.1% од охридските жители се вакцинирале со прва доза, а по нив во 47.9% од населението кое живее во Неготино и околните места. Во Битола и Ресен се вакцинирани со барем една доза во процент од 46.3% и 46.7%. А опфатеност со барем една доза на вакцина има во Берово 44.1%, Пехчево 43%, Штип 43.1% и Валандово 40.5%.

    Помеѓу 30-40% има опфат со вакцинација со барем една доза во Демир Хисар, Велес, Св. Николе, Кочани, Делчево, Крива Паланка, Прилеп, Крушево, Скопје и Пробиштип. Помеѓу 20-30% има опфат со вакцинација со барем една доза во Кичево, Виница, Куманово, Кратово, Дебар, Струга, Македонски Брод, Струмица, Тетово и Радовиш, а 19.9% опфат во Гостивар.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира