ОДЛОЖЕНО СУДЕЊЕТО, САВЕСКИ И КУНОВСКИ ОСТАНУВААТ ВО КУЌЕН ПРИТВОР

a:1:{s:9:"td_source";s:53:"Скопје(САКАМДАКАЖАМ.МК/МЕТА)

    ОДЛОЖЕНО СУДЕЊЕТО, САВЕСКИ И КУНОВСКИ ОСТАНУВААТ ВО КУЌЕН ПРИТВОР

    Одложено е и денешното судење на членовите на Левица Здравски Савески и Владимир Куновски обвинети за демолирање на канцеларијата на Иванов. Судот го одложи рочиштето за 10 јуни и го продолжи куќниот притвор за Савески и Куновски.

    „Нашата обвинителка денеска самата си призна дека мерката куќен притвор е бесмислена. Со тоа се согласи и нашиот адвокат, но мерката куќен притвор си остана. Еден од многуте парадокси во нашиот кафкијански судски процес, кој изобилува со истите“, напиша денеска по рочиштето Здравко Савески на својот профил на Фејсбук.

    Одбраната на обвинетите сѐ уште не го добила вештачењето со што не може да ја подготват листата докази за денеска. Адвокатот Сашко Дуковски рече вештачењето е битен елемент за тие да можат да ја подготват одбраната. Досега вештачење добил само еден од обвинетите и тоа вчера попладне.

    Обвинтелката Снежана Бундалевска посочи дека одбраната можела да се координаира со клиентите и денеска да дојде подготвена на судењето, освен како што таа посочи „ако не се работи за тактизација“.

    Адвокатот во жестоката расправа и реплицираше дека невозможно е за помалку од 24 часа да се подготвува одбраната која го нема вештачењето.

    И двете страни се согласија дека мерката за притвор е бесмислена, но сепак обвинетите демонстранти остануваат во куќен притвор.

    Партијата Левица денеска побара од Апелациониот суд да ја прифати нивната жалба и да ја укине мерката куќен притвор за членовите на партијата, Здравко Савески и Владимир Куновски.

    „Савески и Куновски се држат во куќен притвор веќе 36 дена. Ние се сомневаме дека тие ќе бидат во куќен притвор максимални 60 дена. Ваквата мерка е престрога имајќи ги во предвид доказите со кои располага обвинителството и со оглед на фактот дека и Савески и Куновски немаат никакви прекршоци во минатото“, изјави Бранимир Јовановиќ пред Основниот суд Скопје 1 пред почетокот на судењето на Савески и Куновски.

    Јовановиќ рече дека според нивни информации, одлуката за куќен притвор е донесена под силни притисоци на претседателот на Основниот суд Скопје 1, Владимир Панчевски и обвинителката Снежана Бундалевска.

    „Според нас, станува збор за политичка, а не за правна одлука. Ова е со цел да се заплашат демонстрантите и да се запрат протестите“, рече Јовановиќ.

    Тој вели дека ова се случува во ситуација кога се врши голем притисок врз демонстрантите, кога тие се повикуваат на информативни разговори во полиција, а синоќа беше приведен и еден од нив.

    „Иако нашето правосудство е такво какво што ѐ, ние сепак веруваме дека постојат судии со личен и професионален интегритет кои ги почитуваат законите и правдата. Се надеваме дека ќе донесат праведна пресуда“, рече Јовановиќ.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари