ОФИЦИЈАЛНО: ШИЛЕГОВ ПОБЕДИ ВО СКОПЈЕ ВО ПРВИОТ КРУГ

    ОФИЦИЈАЛНО: ШИЛЕГОВ ПОБЕДИ ВО СКОПЈЕ ВО ПРВИОТ КРУГ

    Кандидатот на СДСМ за градоначалник на Скопје, Петре Шилегов, победи во првиот круг на локалните избори.

    Според 100 отсто обработени податоци на веб сајтот на Државната изборна комисија, објавени вечерва, Шилегов освои 50,32 отсто или 141.119 гласови. Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Коце Трајановски кој бараше трет мандат за градоначалник на Скопје, освои 36,18 отсто или 101,464 гласови.

    Попладневно Шилегов на прес-конференција прогласи победа во првиот круг.

    „Новото Скопје повторно се раѓа, а Македонија ги заокружи промените и тргна напред. Резултатите се јасни, во Скопје имаме победа во првиот круг“, изјави Шилегов на денешната прес-конференција.

    Тој најави дека новата градска администрација што ќе ја предводи ќе биде сервис на граѓаните и им се заблагодари на сите граѓани на Скопје, на сите политички партии кои учествуваат во изборите, како и на сите институции што овозможија слободни и демократски избори.

    Шилегов вели дека сѐ уште нема добиено честитка од досегашниот градоначалник на Скопје Коце Трајановски и дека очекува во текот на денешниот ден да му се јави и да го признае поразот.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира