Општина Аеродром има најмногу активни случаи на ковид-19 во земјава и тоа 505. Веднаш по неа се скопските општини Центар со 433 и Карпош со 417 болни. Во Кисела Вода има 296 активни случаи, Гази Баба 256, Ѓорче Петров 198. Општина Чаир која пред неколку месеци беше на врвот според болни од коронавирус сега има 109 активни случаи, Општина Бутел 97, а Шуто Оризари 14. Вкупно во Скопје активни се 2.515 случаи.
Од другите градови низ земјава ново жариште е Струмица каде во моментов се активни 357 случаи. Во Тетово активни се 271 случај, во Куманово 214, а во Прилеп 209. Во Кочани бројот на болни според вчерашните бројки е 202, а во Делчево 110.
Во моментов само Крушево нема ниту еден заразен со ковид-19.
Во болница се лекуваат 452 пациенти, од кои тројца се на респиратор.
Вчера во земјава беа регистирани 594 нови случаи на ковид-19, што е најголема бројка од почеток на пандемијата. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани изнесува 23.201, бројката на оздравени пациенти е 17.111, на починати е 824, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 5.266.
А. АНТЕВСКА