ОПШТИНИТЕ ДО СРЕДИНАТА НА ГОДИНАТА ИМААТ РОК ДА ПОЧНАТ СО ВРАЌАЊЕ НА ДОЛГОВИТЕ

    ОПШТИНИТЕ ДО СРЕДИНАТА НА ГОДИНАТА ИМААТ РОК ДА ПОЧНАТ СО ВРАЌАЊЕ НА ДОЛГОВИТЕДосега само Општина Охрид донесе одлука на Советот за да отпочне плаќањето на долговите, а министерот за финансии Драган Тевдовски рече дека не планираат годинава да одвојат дополнителни средства за отплата на долговите на општините (Фото: СДК.МК)

    Општините имаат рок до средината на годината да го прочнат процесот на отплата на долговите, кои настанале од напластени а неплатени долгови, за што Владата лани со ребалансот на Буџетот предвиде финансиска помош од 48, 8 милиони евра. Лани општините пријавија долгови од 97,5 милиони евра, а со најголеми долгови беа одвоени Охрид, Тетово, Карпош и Куманово.

    На прашањето до каде се општините со отплаќање на долговите, бидејќи досега само Општина Охрид донесе одлука на Советот за да отпочне плаќањето на долговите, министерот за финансии Драган Тевдовски рече дека и другите општини работат на тоа и дека е оптимист оти до средината на годината тие ќе ги намалат долговите.

    „Имаат рокови зададено согласно законот. Ние им ги префрливме средствата уште со ребаланосот. Сега општините имаат обврска да утврдат кој ќе им се откаже од камата и кој ќе им даде дисконти и тоа како решение да го понудат на Советите. Мислам дека тоа се случува и во другите општини, не само во Охрид. Роковите што ги имаат се до средината на годината. Ние сме оптимисти и сметаме дека на крајот на овој процес долговите на општините и институциите што се во нивна надлежност ќе бидат намалени не само за средствата што им ги дадовме, туку и повеќе“, рече Тевдовски.

    Дополнителни финсиски средства од буџетот на државата, според него, нема да се одвојуваат како помош за општините да ги сервисираат долговите.

    „Не планираме годинава да додаваме дополнителни средства. Сметаме дека ова ќе биде успешна операција не само за функционирање на општините, туку и за функционирање и на градинките и на училиштата, за да ги сервисираат напластените од претходно превземени обврски. Има и механизам, кој ќе ги натера да бараат отпишување од камати, да бараат дисконти и дека по оваа операција тие превземени, а неплатени обврски ќе бидат сериозно намалени. Поставивме и фискално правило со кое оневозможуваме такво нешто да се случи и во иднина“, рече Тевдовски.

    Со фискалното правило кое го воведе Министерството за финансии, општините оваа година при планирање на буџетите во делот на приходи може да предвидат само 10 отсто плус од просекот остварен во последните три години, освен оние кои имаат потврда од соодветна институција за трансфер на пари за реализација на проект.

    Е. БОЧВАРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира