ОТФРЛЕНИ БАРАЊАТА НА ГРУЕВСКИ ЗА ИЗЗЕМАЊЕ НА СУДИИТЕ ВО „ТИТАНИК“

    ОТФРЛЕНИ БАРАЊАТА НА ГРУЕВСКИ ЗА ИЗЗЕМАЊЕ НА СУДИИТЕ ВО „ТИТАНИК“Денеска рочиштето за случајот „Титаник“ беше одложено бидејќи до почетокот на судењето не беа стасани одлуките на Врховен и Апелација за изземањето на судиите. - Груевски на судењето за „ТНТ“ (Фото: М.Златевска)

    Отфрлени се барањата на одбраната на поранешниот премиер Никола Груевски и останатите 20 обвинети за изземање на судиите во случајот „Титаник“, информираат од Основниот суд Скопје 1.

    „Врховниот суд постапувајќи по барање на одбраната за изземање на в.д. претседателот на Апелациониот суд – Скопје Лидија Димчевска на 27 април донел решение со кое барањето се одбива како неосновано. Врз основа на ова решение, а постапувајќи по барање на одбраната за изземање на претседателот на Основниот суд Скопје 1, Иван Џолев, в.д. претседателот на Апелациониот суд на 30 април, донел решение со кое барањето на одбраната се отфрла како недозволено. Сите решенија се експедирани до странките во постапката“, се вели во соопштението од Основниот суд Скопје 1.

    Денеска рочиштето за случајот „Титаник“ беше одложено бидејќи до почетокот на судењето не беа стасани одлуките на Врховен и Апелација за изземањето на судиите.

    Од Основниот суд Скопје 1 информираат дека Кривичниот совет го прифатил предлогот за укинување на мерката притвор на Д.Л. опфатен со обвинителниот акт поврзан со настаните од 27 април во Собранието. Советот донел решенија со кое мерката притвор се укинува, а дополнително се определуваат и мерки за претпазливост, односно привремено одземање на патната и друга исправа за преминување на државната граница и обврска на обвинетиот да се јавува на службено лице во судот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира