ОТВОРЕНИ СЕ СИТЕ МОЖНОСТИ ЗА ИЗБОР НА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СОБРАНИЕТО, НАЈАВИ ЗАЕВ

    ОТВОРЕНИ СЕ СИТЕ МОЖНОСТИ ЗА ИЗБОР НА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СОБРАНИЕТО, НАЈАВИ ЗАЕВДржавен интерес број еден е да се одблокираат институциите, рече лидерот на СДСМ Зоран Заев на прес конференцијата во Собранието (Фото: Ѓ. Личовски)

    Избор на нов претседател од редот на оформеното мнозинство на Собранието ќе има и парламентарно мнозинство нема да дозволи претседавачот на конститутивната седница Трајко Вељаноски и ВМРО-ДПМНЕ да ги кршат деловникот и Уставот и да се изживува врз граѓаните со блокада на иституциите. Државен интерес број еден е да се одблокираат институциите, изјави лидерот на СДСМ, Зоран Заев на прес конференцијата во Собранието и рече дека се отворени сите можности, а тоа ќе го направат кога ќе биде од секој аспект уставно и деловнички и во моментот кога ќе го ја донесат одлуката како мнозинство.

    Тој повтори дека „претседател на Собранието ќе биде избран или во собраниската сала, или во друга сала, на скалите, во амфитеатарот на Правниот факултет, во МАНУ, во Пелинце, во Крушево или во моја Струмица“.

    Заев рече дека парламентарното мнозинство е спремно за соработување со опозицијата заради реформите и животот и соживотот во Македонија.

    „Се виде лажниот патриотизам на Никола Груевски и целото раководство на ВМРО-ДПМНЕ, нема сомнеж дека се плаши од одговорност, бегање нема, амнестија нема. Ќе се оди на суд толку често колку што има основани сомневања за кршење на законот, важи и за мене и за сите, законот мора повторно да важи“.

    „Лага е дека ќе се менува Уставот и дека ќе се носат закони спротивно на Уставот, лага е дека Македонија ќе биде бинационална, дека ќе има федерализација и кантонизација, дека ќе се менува името и идентитетот, знамето, грбот, химната, дека албански јазик ќе се учи во Штип, дека  македонскиот народ ќе биде прогласен за геноциден“, рече Заев и додаде дека постојат почетни позиции на албанските партии во преговарачкиот процес, „преговараше и ВМРО,  преговара и СДСМ, за програма што ја штити унитарноста и обезбедува квалитетен живот и еврпатлански перспективи“.

    „Ќе има поддршка за работата на СЈО, од кое се плаши ВМРО-ДПМНЕ поради криминалите и ќе работиме на закон за унапредување на јазиците на албанската и другите заедници, согласно потребите на сите. Ќе бараме поддршка од новата опозиција. Ќе бараме решение за името, но одлуките ќе ги носиме во консензус со опозицијата и конечната одлука ќе се донесе по референдум на граѓаните“, рече Заев.

    Г. ТРПЕНОСКИ

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира