ОТВОРЕНИ ТЕЛЕФОНСКИ ЛИНИИ ЗА ЗАГЛАВЕНИТЕ НА АЕРОДРОМИ ИЛИ НА ГРАНИЧНИ ПРЕМИНИ

    ОТВОРЕНИ ТЕЛЕФОНСКИ ЛИНИИ ЗА ЗАГЛАВЕНИТЕ НА АЕРОДРОМИ ИЛИ НА ГРАНИЧНИ ПРЕМИНИГраѓаните помош можат да побараат на телефонските броеви 075 273-732 и 070 282-078 преку телефонски повик или порака на Вибер и Ватцап или на бројот 075 445-647 отворен само за повици.(Фото: Ѓ.Личовски)

    Министерството за надворешни работи отвори телефонски линии за македонските државјани кои се заглавени на гранични премини или на аеродроми во други држави. Граѓаните помош можат да побараат на телефонските броеви 075 273-732 и 070 282-078 преку телефонски повик на редовна линија или на Вибер и Вацап или на бројот 075 445-647 отворен само за редовна линија.

    „Во рамките на Министерството за надворешни работи е формирано координативно тело за помош и поддршка на своите државјани кои се наоѓаат затекнати на граничните премини на други држави и аеродроми, поради новонастанатата ситуација поврзана со коронавирусот. Уште еднаш, апелираме, врз основа на официјалните мерки и препораки, сите државјани кои живеат или престојуваат во земјите со висок и среден ризик да го одложат доаѓањето во Северна Македонија во овој период“, велат од Министерството за внатрешни работи.

    Авионските линии се откажуваат речиси без најава. Денеска е откажан летот на „Визер“ од Скопје за Малта, а вчера беше откажан летот за Братислава. Голем број македонски државјани кои во моментов се во Малта, не можат да се вратат во земјава.

    Секојдневно се затвораат и границите. Чешка вчера го забрани влезот во земјата, Словачка забрана стави за сите странски државјани, Данска најави дека границата ќе ја затвори денеска, а Малта нареди карантин за сите што влегуваат во земјата.

    Во Македонија засега е забранет влез на странски државјани кои доаѓаат од ризичните подрачја. Македонските државјани кои се враќаат во земјава треба да останат во самоизолација 14 дена.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира