ПАДНА СКЕЛЕТО ПРЕД ВЛАДА, РЕВОЛУЦИОНЕРИТЕ НАКИСНАТИ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ПАДНА СКЕЛЕТО ПРЕД ВЛАДА, РЕВОЛУЦИОНЕРИТЕ НАКИСНАТИ

    Шарените револуционери стигнаа пред Влада. Во моментот кога се собираа, падна скелето поставено на дел од зградата на Владата што предизвика овации кај демонстрантите. Меѓу нив, на дождот, има и гологлави но не се откажуваат. Пред Влада со ист жар, како и на почетокот на протестот, извикуваат слогани и свират.

    Скелето беше поставено минатата недела за мајсторите да ја пребојадисаат фасадата што демонстрантите ја имаа обоено во разни бои.

    Демонстрантите дојдоа пред Влада преку мостот Гоце Делчев. Таму ветрот ги смрзна, посебно оние кои немаат ниту чадор, ниту капа на главата. Се потстоплија минувајќи под некогашната стоковна куќа „Мост“. Тука се задржаа подолго од вообичаено. На сиот глас извикуваа „Никола Шутка не ти бега“, а гласовите одѕвонуваа во тесниот простор.

    Шарената револуција претходно ја погоди и зградата во која е сместено Министерството за надворешни работи (МНР). Демонстрантите фрлаа балони со боја и извикуваат „Нема правда, нема мир“. Столбовите на палатата „Борис Сарафов“, како што е официјалното име на објектот во кој е сместено МНР, се најшарени.

    „Продолжуваме понатаму, не ви се плашиме“, вака им се обрати на демнострантите пред Собранието Петрит Сарачини. „Нема да не скршите, колку повеќе неправди правите толку повеќе не сплотувате“, порача Бранислав Јовановски од Левица. Пред Собрание прв пат на демонстрантите им се обрати политичар. Петре Шилегов, портпаролот на СДСМ рече „Тие се закануваат со снимање,  ние им порачуваме – слободно снимајте, ја снимате најновата историја на Македонија“.

    „Протестирам за своите деца“, рече пејачката Кристина Арнаудова која вечерва се приклучи на „Шарената револуција“.

    Антивладините демонстранти, на чело со борците, пред Собрание скандираа „Робија, робија“, „Оставка, оставка“. Почна да врне, но дождот не ги поколеба. Сите извадија чадори, па улицата пред Собрание беше шарена од чадори. Бројот на демонстранти растеше од минута во минута.

    Минувајќи пред Министерството за правда демонстрантите извикуваа „Нема правда, нема мир“, „Оставка“, „Уааа“. Таму немаше бојадисувања, но протестот вечерва беше најбучен досега.

    Сојузот на борци на Македонија беше во првите редови на вечерашните демонстрации. Тие денес ја потпишаа платформата „За слободна Македонија“ со опозицијата.

    Кога демонстрантите од зградата на СЈО тргнаа кон Собранието на Република Македонија меѓу нив го забележавме и лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

    Демонстрантите, организирани од граѓанската организација „Протестирам“ тринаесет дена бараат повлекување на одлуката за аболиција на сите оние против кои се води истрага и против кои е покренато обвинение од Специјалното јавно обвинителство (СЈО), итна и неотповиклива оставка на претседателот Ѓорге Иванов, произнесување на Уставниот суд за уставноста на СЈО, формирање специјално одделение на Кривичниот суд, кое ќе биде надлежно за случаите под јурисдикција на СЈО, итно повлекување на одлуката за одржување на парламентарни избори на 5 јуни, задолжително вклучување и присуство на независни претставници на граѓанското општество во процесот на решавање на кризата и формирање на преодна влада која докрај ќе ги имплементира итните реформски приоритети од извештајот на Прибе.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари