Првообвинетиот во „Рекет“ Бојан Јовановски тврди дека фотографија со Катица Јанева со пари на маса во нејзиниот дом ја направил случајно и немало ништо тенденциозно, откако Јанева на 12 март до Основниот суд Скопје 1 поднела приватна кривична тужба против него за неовластено снимање. Според обвинението на Вилма Русковска, на масата имало 50 илјади евра.
„Случајно е направена фотографијата од мојот телефон, не е тенденциозна. Имам милион такви. На таа фотографија, која е на почетокот на февруари се гледаат пари. Тогаш Лазе Јанев го реновираше станот, ѝ требаше на Катица нешто од мебел. Ѝ кажав земете преку мене, дај ми ги на мене парите, јас ќе земам од ‘Зона мебел’ преку телевизијата. Ете за тоа беа тие пари, и не беа рекет од Камчев како што се тврди во обвинението”, ја објасни денеска во судот Боки фотографијата од неговиот мобилен со Катица во нејзиниот дом, со пари на масичката.
- ОД ОРЦЕ НЕ МОЖЕШ ДА ЗЕМЕШ 50 ДЕНАРИ, А НЕ ПАК 1,5 МИЛИОНИ ЕВРА, СВЕДОЧИ БОКИ 13 НА „РЕКЕТ“
- ЗАЕВ МЕ ИЗМАНИПУЛИРА ДЕКА СТРАНСКИ ОБВИНИТЕЛ ИМАЛ СЀ ЗА МЕНЕ, СВЕДОЧИ БОКИ 13 НА „РЕКЕТ“
- КАЈ КАМЧЕВ ИМА СНИМКА ДЕКА МИЛЕСКИ МУ ЈА ВРАЌА ТОРБАТА, ЈАС НЕ СУМ ЈА ДОПРЕЛ, ТВРДИ БОКИ 13
- АНА КАМЧЕВА МИ БАРАШЕ ПОМОШ КАКО ДА ГО ТРГНЕ ОРЦЕ ОД НАТАША САВОВА, СВЕДОЧИ БОКИ 13 НА „РЕКЕТ“
- ЗОРАН МИЛЕСКИ Е КЛАСИЧЕН АГЕНТ-ПРОВОКАТОР, ИМАШЕ ДОГОВОРЕНА ПРЕСУДА ЗА ДА СЕ МОНТИРА ИЗМИСЛЕНИОВ СЛУЧАЈ ВИЛМА, ТВРДИ БОКИ 13 НА „РЕКЕТ“
- „РЕКЕТ“ Е НАПРАВЕН ЗА ДА СЕ СПАСИ КАМЧЕВ, РУСКОВСКА МИ БАРАШЕ ДА ПРАЌАМ НОВИНАРИ КАЈ ЛУЃЕ ШТО Ѝ СЕ ОДВРАТНИ, КАЖА БОКИ 13 НА СУДЕЊЕТО
- СО СУДИИТЕ И ОБВИНИТЕЛИТЕ БЕВ ГОСТОПРИМЛИВ ВО ТЕЛЕВИЗИЈАТА, КАКО ШТО Е РЕД ВО ДОМАЌИНСКА КУЌА, ЈА ПОЧНА ОДБРАНАТА БОКИ 13 НА „РЕКЕТ“
- КАТИЦА ЈАНЕВА МУ ПОДНЕЛА ТУЖБА НА БОКИ 13 ЗАШТО НЕОВЛАСТЕНО ЈА СНИМАЛ ВО НЕЈЗИНИОТ ДОМ СО ПАРИ НА МАСАТА
Тој ја праша судијката кој ќе му ја гарантира безбедноста во Шутка. Праша и како може Русковска да поднесе обвинение против него без да даде исказ во обвинителството, а притоа да го изземе Никола Груевски од обвинението за организирање на нападот на 27 април 2017 година, зашто не бил достапен да даде исказ.
Судењето продолжува утре со испитување на обвинетата Катица Јанева.
С. К. ДЕЛЕВСКА