Починати се пет пациенти, а регистрирани се 87 нови случаи на ковид-19 од 1.156 тестирања во последните 24 часа, соопшти Министерството за здравство. Од починатите, три пациенти се од Скопје (49, 74 и 72 години), пациентка од Струга (53), и пациентка од Берово (57), сите во болнички услови. По два дена, бројот на активни случаи повторно е над 3.000 и денеска е 3.021.
Новорегистрираните случаи се во:
– Скопје 34
– Куманово 13
– Тетово 8
– Струга 1
– Битола 1
– Кавадарци 4
– Гостивар 20
– Струмица 2
– Берово 1
– Кичево 3
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 51 оздравен пациент од:
– Скопје 35
– Куманово 1
– Штип 4
– Тетово 1
– Гостивар 1
– Пробиштип 2
– Кратово 1
– Свети Николе 6
Досега во земјата се направени вкупно 126.284 тестирања на ковид-19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.
Вкупно ковид дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата се 12.739, од кои оздравени се 9.174, а починати 544.