ПЕТКОВ ПОБАРАЛ ОБЈАСНУВАЊЕ ОД КОВАЧЕВСКИ ЗА КИОСКОТ НА СЕКРЕТАРОТ НА БУГАРСКИОТ ЦЕНТАР ВО БИТОЛА КОЈ БЕШЕ СКРШЕН ОД НЕГОВАТА ПОРАНЕШНА ЖЕНА

    ПЕТКОВ ПОБАРАЛ ОБЈАСНУВАЊЕ ОД КОВАЧЕВСКИ ЗА КИОСКОТ НА СЕКРЕТАРОТ НА БУГАРСКИОТ ЦЕНТАР ВО БИТОЛА КОЈ БЕШЕ СКРШЕН ОД НЕГОВАТА ПОРАНЕШНА ЖЕНАКиоскот за кој се интересирал Петков беше скршен од поранешната сопруга на секретарот поради нивни меѓусебни недоразбирања, а не поради политички прашања. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Премиерот на Бугарија Кирил Петков вчера му се јавил на премиерот Димитар Ковачевски за да побара објаснување за скршениот киоск на секретарот на бугарскиот Културен центар „Иван Михајлов“ во Битола.

    Ме повика премиерот Кирил Петков за да се информира за два инциденти кои се случиле кај нас. Едниот беше за искинати венци на гробот на Гоце Делчев за што му кажав дека Министерството за внатрешни работи постапува. Вториот инцидент е за искршено стакло во Битола каде се испостави дека не се работи за политички инцидент туку настанот е мотивиран од приватни прашања, за што лицето кое тоа го сторило и дало веќе изјава“, изјави денеска Ковачевски одговарајќи на новинарско прашање при посета на текстилна фабрика.

    Стаклото од киоскот во кој се продава цвеќе и свеќи беше скршено од поранешната сопруга на секретарот поради нивни меѓусебни недоразбирања.

    По инцидентот од центарот „Иван Михајлов“ вчера на Фејсбук првично објавија дека бил нападнат објектот на секретарот на Центарот, поради што поднесена е и пријава во СВР и кај Генералниот конзулат на Бугарија во Битола со надеж дека „сторителите ќе бидат откриени и санкционирани во најбрз можен рок!!!“ На објавата пишува: „Одново се наложува да си поставиме прашање дали е тоа само вандалски и криминален акт или станува збор и за нешто друго!“ Под објавата има еден куп коментари со обвинувања и говор на омраза против Македонците.

    Но, обвинувањата паднаа во вода откако на социјалните мрежи сама се јави поранешната сопруга на секретарот и призна дека го оштетила објектот. Таа тоа го признала и во полиција.

    Денес и СВР Битола соопшти дека Б. Ш. (44) од село Брусник, Битолско, пријавил дека со тврд предмет било извршено оштетување на стакло од влезна врата на времен објект (киоск). Полициски службеници презеле мерки и било утврдено дека сторител е неговата поранешна сопруга, која во службен разговор со полициски службеници го признала делото и појаснила дека го сторила поради нивни недоразбирања.

    А. АНТЕВСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира