ПЕТМИНА ОБВИНИТЕЛИ НА ЈАНЕВА ИДНАТА НЕДЕЛА ЌЕ ОБРАЗЛОЖУВААТ ЗОШТО СЕ ОТКАЖАА ОД ОБВИНЕНИЈАТА ЗА ЗАЕВ И ВЕРУШЕВСКИ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ПЕТМИНА ОБВИНИТЕЛИ НА ЈАНЕВА ИДНАТА НЕДЕЛА ЌЕ ОБРАЗЛОЖУВААТ ЗОШТО СЕ ОТКАЖАА ОД ОБВИНЕНИЈАТА ЗА ЗАЕВ И ВЕРУШЕВСКИ

    Петмина обвинители на Специјалното јавно обвинителство и Советот на јавни обвинители идната недела ќе договараат како Советот ќе ги презема материјалите од случајот „Пуч“ за кој Катица Јанева го повлече обвинението.

    Членовите на советот сакаат да ги утврдат причините поради кои СЈО донесе одлука да се откаже од предметот „Пуч“ - Петар Аневски претседател на Советот на јавни обвинители (Фото: СДК.МК)

    Членовите на советот сакаат да ги утврдат причините поради кои СЈО донесе одлука да се откаже од предметот „Пуч“ – Петар Аневски претседател на Советот на јавни обвинители (Фото: СДК.МК)

    Претседателот на Советот на јавни обвинители Петар Аневски, по средбата со Јанева изјави дека со специјалната обвинителка разговарале околу динамиката за преземање на предметот, но беше нејасен дали Советот го бара целиот предмет или делови од него.

    „Се договоривме следната недела, петмина обвинители од СЈО да имаат средба заедно со членовите на Советот на јавни обвинители и да се договорат како ќе оди постапката за разјаснување на овој случај“, рече Аневски. Тој кажа дека членовите на советот сакаа тда ги утврдат причините поради кои СЈО донесе одлука да се откаже од предметот и да го повлече обвинението против Зоран и Соња Верушевски, Бранко Палифров службеник во Општина Струмица, и лидерот на СДСМ Зоран Заев.

    Специјалната јавна обвинителка Јанева, не сакаше да даде изјава и рече дека повеќе детали ќе соопшти следната недела.

    Четворицата обвинети во „Пуч“ се товареа за шпионажа, насилство врз преставници на највисоките државни органи, неовластено прислушување и за тонско снимање.

    Специјалното јавно обвинителство (СЈО) на 18 јануари соопшто дека се откажа од обвинителниот акт за „Пуч“, од причина што фактичката состојба прикажана во обвинителниот акт е во спротивност со доказите со кои ова Јавно обвинителство располага и со наодите во истражните постапки „Таргет“ и „Тврдина“. СЈО тогаш изјави дека ваквата одлука е со цел да се приберат дополнителни докази што во целост ќе ја разјаснат фактичката состојба и ќе овозможат донесување на правилна и законита јавнообвинителска одлука.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира