ПО ДОБИВАЊЕТО НА ПРЕПОРАКАТА ЗА ЕУ, ПРЕМИЕРИТЕ ОД ЗАПАДЕН БАЛКАН НА ВЕЧЕРА СО МОГЕРИНИ ВО СКОПЈЕ

    ПО ДОБИВАЊЕТО НА ПРЕПОРАКАТА ЗА ЕУ, ПРЕМИЕРИТЕ ОД ЗАПАДЕН БАЛКАН НА ВЕЧЕРА СО МОГЕРИНИ ВО СКОПЈЕГости на ова неформално дружење се премиерите Еди Рама на Албанија, Ана Брнабиќ на Србија, Рамуш Харадинај на Косово, Душко Марковиќ на Црна Гора и Денис Звиздиќ на Босна и Херцеговина. (Фото: Влада на РМ)

    Федерика Могерини, висок претставник на Европската унија за надворешни работи и безбедносна политика, заедно со премиерот Зоран Заев организираше неформална вечера за премиерите од Западен Балкан во Скопје. Гости на ова неформално дружење се премиерите Еди Рама на Албанија, Ана Брнабиќ на Србија, Рамуш Харадинај на Косово, Душко Марковиќ на Црна Гора и Денис Звиздиќ на Босна и Херцеговина.

    „Вечерва со нашата пријателка Федерика Могерини бевме домаќини на лидерите од Западен Балкан. Уште еднаш ја потврдивме нашата искрена заложба за целосна имплементација на реформите во нашите земји, за да го забрзаме процесот на зачленување во европското семејство. 2018 е историска година за регионот, а на земјите од Западен Балкан им се отвора голема можност да направат крупни чекори кон ЕУ интеграцијата“, објави Заев на својот фејсбук профил.

    Премиерите од Западен Балкан денеска се во Скопје за првиот Дигитален самит за Западен Балкан, а Могерини денеска имаше заедничка прес-конференција со Заев по повод препораката на ЕУ за членство на Македонија објавена вчера во последниот извештај на Европската комисија за напредокот на земјава.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира