ПОБЕДА НА ГРАДОНАЧАЛНИЦИТЕ ОД СДСМ ВО МОГИЛА И НОВАЦИ

    ПОБЕДА НА ГРАДОНАЧАЛНИЦИТЕ ОД СДСМ ВО МОГИЛА И НОВАЦИЉубе Кузмановски (средина) е новиот градоначалник во Општина Новаци (Фото: СДК.МК)

    Паднаа и последните бастиони на ВМРО-ДПМНЕ во Пелагонија – од општинските штабови на СДСМ изјавија дека според првични неофицијални податоци, нивните кандидати за градоначалници победија во двете општини.

    СДСМ соопшти дека во Могила нивната кандидатка за градоначалничка Јасмина Гулевска освоила 1.909 гласови, а против кандидатот Стевче Пивковски од ВМРО-ДПМНЕ и коалиционите партнери 1.716. Гулевска води со над 190 гласови од 23 обработени избирачки места, со исклучок на едно од каде уште се чекаат податоци.

    Нов градоначалник во соседната Општина Новаци е Љубе Кузмановски, кој според првичните информации од Аналитичкиот центар на СДСМ, освои над 200 гласа предност во споредба со противкандидатот Лазар Котевски, кој како кадар на ВМРО-ДПМНЕ во три мандати ја водеше Општина Новаци.

    Со ова ни една од пелагониските општини во следните четири години нема да ја види кадар на ВМРО-ДПМНЕ.

    Ж. ЗДРАВКОВСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира