ПОЧИНА МОМЧЕТО ПОВРЕДЕНО ВО СООБРАЌАЈКАТА СО УРКО

a:1:{s:9:"td_source";s:24:"Скопје,(МЕТА)

    ПОЧИНА МОМЧЕТО ПОВРЕДЕНО ВО СООБРАЌАЈКАТА СО УРКО

    Стојанчо Андонов, 22-годишното момче што беше повредено од сообраќајката кај Рампа во скопска Кисела Вода, почина утринава во 7.30 часот, јави МЕТА. Момчето од скопски Сингелиќ пет дена беше приклучено на апарати и се бореше за живот.

    Дејан Митровски – Урко, вработен во Шестата управа на МВР и поранешниот шеф на обезбедувањето на експремиерот и актуелен лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, го возел автомобилот марка „бмв“, кој пред пет дена учествуваше во сообраќајната несреќа во Кисела Вода на булеварот Борис Трајковски. Според првичните информации, Митровски направил прекршок, поминувајќи две полни ленти во моментот кога го удрил мотоциклистот.

    На возилата им се врши вонреден технички преглед, а одделот за криминалистичка техника ги анализира примероците од крв од момчето и од Митровски.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира