ПОЧИНА ЗАСТРЕЛАНИОТ НЕЗАВИСЕН КАНДИДАТ ОД КИЧЕВО

    ПОЧИНА ЗАСТРЕЛАНИОТ НЕЗАВИСЕН КАНДИДАТ ОД КИЧЕВОИзборниот плакат на независната листа за локалните избори предводена од починатиот Абази. (Фото:Фејсбук)

    Почина Алит Абази, носител на независна кандидатска листа за локалните избори во Кичево, во кој пред една недела беше пукано со пиштол. Од Министерството за здравство денес информираа дека според информациите од Клиниката за трауматологија, ортопедија, анестезија, реанимација, интензивно лекување и ургентен центар (ТОАРИЛУЦ) Абази починал околу четири часот утрово.

    „И покрај сите напори на лекарскиот тим да го спасси Абази, тој утрово подлегна на повредите“, велат од Министерството за здравство.

    Абази беше повреден на 27 септември во престрелка пред Основниот суд во Кичево. Според информациите од МВР во престрелката, која се случила околу 19 часот, беа повредени три лица, меѓу кои и сега починатиот Абази.

    Кичевецот Абдула А. со пиштол пукал во Абази, Дестан Абдиу и и Шабан Далити. Абази бил погоден во десната нога, Абдиу во слабината а Далити во десната потколеница.
    „Двајца од нив, поради сериозноста на повредите, со брзата помош беа испратени на скопските клиники, а третиот е пренесен во кичевската болница“, изјавија тогаш од МВР.

    Извори од кичевската полиција тогаш за САКАМДАКАЖАМ.МК рекоа дека според првичните сознанија, причина за пукањето биле меѓусебните недоразбирања, за кои напаѓачот и повредените воделе и судска постапка.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира