ПОЧИНАА ТРИ ЛИЦА ОД КОЧАНИ И ТЕТОВО, УШТЕ 15 НОВОЗАБОЛЕНИ ОД КОВИД-19, РЕЧЕ ФИЛИПЧЕ

    ПОЧИНАА ТРИ ЛИЦА ОД КОЧАНИ И ТЕТОВО, УШТЕ 15 НОВОЗАБОЛЕНИ ОД КОВИД-19, РЕЧЕ ФИЛИПЧЕОд Инфективната клиника денес си одат 4 оздравени пациенти, а од Дебар кои беа на домашно лекување тројца се негативни после двата контролни теста.- Од денешната седница на кризниот штаб (Фото: Влада)

    Три лица починаа од коронавирус на Клиниката за инфективни болести, кажа министерот за здравство Венко Филипче. Станува збор за пациент на 40 години од Кочани, кој бил примен на 29 март без познати заболувања, потоа 69-годишен пациент од Тетово со тумор на мозок и пациент од Тетово на 65 години без познати минати заболувања. Вкупниот број на починати во земјава стигна до 21.

    Во изминатите 24 часа се регистрирани 15 нови случаи, со што во земјава бројот на регистрирани заболени стигна до 570. Новозаболените лица по градови се од : Скопје – 4, Куманово – 8, Тетово – 1. Струга – 1 и Штип – 1.
    Според местото на живеење, досега случаи на КОВИД-19 се регистрирани во:
    Скопје – 239
    Куманово – 121
    Дебар – 49
    Штип – 20
    Прилеп – 33
    Тетово – 29
    Струга – 25
    Велес – 10
    Битола – 6
    Охрид – 3
    Кавадарци – 2
    Гостивар – 4
    Гевглелија – 4
    Струмица – 2
    Крива Паланка- 3
    Радовиш -4
    Крушево – 2
    Кочани – 14

    Од Инфективната клиника денес си одат 4 оздравени пациенти, а од Дебар кои беа на домашно лекување тројца се негативни после двата контролни теста.

    На Инфективната клиника денес е примени 10 нови пациенти, со што вкупната бројка е 70. Осум се на механичка потпора, а десет вкупно се со потешка слика.

    Во Градската општа болница „8 Септември“ има 4 пациенти, за кои се чекаат резултати, а двајца се на респираторна машина. Во болницата во Битола има хоспитализирано едно лице, а ќе се префрлат сите од болницата во Охрид, кои се од околината на Струга. Во Штип се лекуваат 4 лица, од кои тројца се со лесна клиничка слика.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира